26 Април, 2024
0.0327

Досие ФЕНИ: Мега југословенска инвестиција - Загуби, штрајкови, нови сопственици

Објавено во: Економија 14 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Фабриката за производство на фероникел ФЕНИ во Кавадарци е еден од најголемите индустриски капацитети кој е изграден во Македонија во времето кога бевме дел од Југославија со голем меѓународен кредит. Грандиозната југословенска инвестиција се покажувало дека не ги дава очекуваните резултати во делот на рентабилноста поради послабиот квалитет на рудата. Мега-фабриката работела само една година со подолг прекин се до основањето на државната компанија ФЕНИМАК по што комбинатот бележи неколку успешни години. 

Транзиција и приватизација

Кон крајот на 90-тите години повторно ФЕНИ е огромен товар за буџетот на Република Македонија и како еден од загубарите во 2001 година е продаден од тогашната влада на Љубчо Георгиевски со посредство на Циле Тупурковски и министерот за економија Борко Андреев. По неколку промени на сопственици, постојани штрајкови на вработени, блокирање сметки од страна на банки и доверители, во 2005 година следи нова стабилизација на ФЕНИ со влезот на Кунико, компанија со доста сложена сопственичка структура поради и која на крајот се создадоа и сите проблеми во управување на фабриката која сега се соочува со стечај.

Кога ФЕНИ работи рентабилно?

Денес ФЕНИ е приватна компанија чии сопственици сакаат што побрзо да најдат решение за наталожените проблеми и друг инвеститор да ги преземе нивните обврски. За ФЕНИ рентабилно да работи треба цената минимално да изнесува околу 10.000 долари за тон фероникел, иако има анализи според кои ако се подобри процесот на производство, се зголеми ефикасноста и се направи оптимизација на фабриката, тогаш ФЕНИ би бил рентабилен и со цена нешто под 10 илјади долари на светските берзи. Сега има прогнози дека цената на фероникелот ќе расте бидејќи меѓународните пазари се стабилизираат. Цената на фероникелот ќе надмине и над 10 илјади долари па така ФЕНИ има голема перспектива за солидни профити. Тоа што фероникелот зависи од економските циклуси и берзанските движење доведувало ФЕНИ често да работи со загуби. 

Енергија за ФЕНИ преку бугарска жица

Како што рековме ФЕНИ е изграден во екот на југословенската економска преродба во 1983 година но, и тогаш често прикажувал загуби и бил затворан. Проблемите на ФЕНИ ги покривала државата која била негов сопственик, па така издвојувала многу пари како за работниците, така и со поовластената цена за струја преку државното електростопанство. ФЕНИ кога работи во полн капацитет е најголемиот поединечен потрошувач на електрична енергија во Македонија. Токму снабдувањето со струја е важно за ФЕНИ бидеќи кој и да е нивни добавувач ќе има „мрсни“ приходи на средства од продажбата на енергија. Бидејќи снабдувањето со струја за ФЕНИ е многу важно сосема логичен обидот за преземање од страна на бугарски Енекод, компанија која е формирана токму за дистрибуција на електрична енергија. Со покривање на трошоците од сопствени ресурси Енекод би имал поевтин производ, а со тоа и поголема профитабилност во продажбата.

Нови сопственици кои банките не ги признаваат

ЕНЕКОД тврди дека договорот со Кунико кој е постигнат во октомври е валиден и веќе извршија измени во раководните функции на фени со новиот генерален директор, Рајчо Алјошев Коцаров од Бугарија кој го наследува Никола Ризов од Кавадарци. Во управата повеќе не е ни Јусуф Миракхмедов од Узбекистан кој беше главен извршен директор на ФЕНИ. Според промените регистрирани во Централниот регистар Фани Антимова од Бугарија е назначена за Претседател на Одборот на директори, а Манол Емилов Чакаров исто така од Бугарија е назначен за неизвршен член на Одборот на директори. Од Одборот на директори на комбинатот се тргнати Џереми Неадс од Холандија, Бобирјон Фозилов од Узбекистан и Херве Понцин од Белгија, кои претходно беа неизвршни членови.

Енекод, потенцијалниот инвеститор во комбинатот за фероникел ФЕНИ, успеа да го одложи рочиштето во основниот суд во Велес за одлучување за стечајната постапка која ја покренаа трите банки доверители со тоа што побара изземање на велешкиот суд.

Нивното барање ќе треба да го разгледа суд од повисока инстанца и да одлучи под чија надлежност ќе се спроведе стечајната постапка што е еден обид со правни средства за одложување на поведениот процес.

Штрајкови и притисоци 

Енекод и натаму е во игра да постигне договор со Комерцијална, Стопанска и Силк роуд Банка. Во меѓувреме штрајковите се ставени во мирување, но и работниците нема долго да чекаат да се најде решение за ФЕНИ бидејќи се против стечај и стопирање со работата на фабриката. 

Синдикатот на ФЕНИ и гранскиот синдикат СИЕР побараа и Владата да вложи напори да помогне во решавање на проблемите на комбинатот.

Владата пак, преку вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, тврди дека воопшто не е странка во целиот случај на ФЕНИ но, дека стои на располагање со своите капацитети за било на кој начин да помогне да се најде решение. Во игра се уште два инвеститора чии имиња засега не се споменуваат, туку само дека имаат голем фонд кој може да го поднесе финансискиот товар на ФЕНИ за сите трошоци и да обезбеди стабилно работење следните години. 

За вработените и синдикалците наводно не е важно кој ќе биде нов сопственик на ФЕНИ, туку тие што побрзо да се вратат на работа и затоа сметаат дека Енекод може тоа брзо да го стори.

За претходното раководство на ФЕНИ постојат и големи сомнежи за криминал за што ќе бидат поведени кривични тужби од инвеститорите и партнерите во Кунико, но и банките кои си ги бараат 40-те милиони евра. Исто така и државните органи треба да поведат истрага за финансиското работење на ФЕНИ во последните три години, на пример не е поднесена годишна сметка, има сомнежи за злоупотреба на резервите и за средствата за ликвидност, што некој го толерирал изминатиот период.

Автор: Христијан Станоевиќ

Можеби ќе ве интересира

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека