05 Мај, 2024
0.0373

Досие Михаил Ходорковски: Подемот и падот на рускиот олигарх, од одаите на Елцин до занданите на Путин!

Објавено во: Анализа 21 Декември, 2013

Добивај вести на Viber

Михаил Ходорковски е поранешен руски олигарх и бизнисмен, роден на 26 јуни 1963 година во Москва во семејството на Борис Мојсеевич и Марина Филиповна. Татко му бил евреин, а мајка му христијанка. Кога бил мал, неговото семејство живеело во комплекс мали станбени општествени згради иако условите подоцна им се подобриле кога татко му бил унапреден на својата работа. Средно образование завршил во 1981 година, а потоа почнал да студира хемија на Менделеевиот институт за хемиска технологија во Москва, специјализирајќи на студиите за ракетно гориво. Ходорковски првин заработувал работејќи како дрводелец во една станбена задруга. За време на студиите, на универзитетот се запознал со својата идна сопруга, Елена. Нивниот прв син Павел се раѓа во 1985 година. Ходорковски дипломирал на Менделеевскиот институт како најдобар студент. Иако неговите првични амбиции да работи во одбраната биле попречени од фактот што тој бил евреин, сепак станал заменик-секретар на Комсомол - односно партијата на младите комунисти на московската област Фрунзе. Во 1986 година, Ходорковски ја запознал својата втора сопруга Ина и заедно го формирале Центарот за научна и технолошка младина. Центарот за кратко време се претворил во фронт на комерцијалните активности на неговите членови. Тој и неговите колеги оделе од една во друга фабрика и продавале нови технологии, увезувале персонални компјутери и продавале француски коњак. Веќе до 1987 година, компанијата на Ходорковски можела да се пофали дека на својот список од клиенти има многу советски министри, како и околу 5.000 вработени и дека добиваат годишен приход од 80 милиони рубли. При крјот на истата година, Централниот комитет на Комсомол им дал овластување на своите организации да отвараат банкарски сметки и да ги трошат своите пари. Реагирајќи брзо на оваа можност, Ходорковски ја основал банката Менатеп. Банката набргу се проширила и до 1990 година, односно една година пред падот на комунизмот, таа дури отворила и офшор сметки.
Доаѓањето на власт на Борис Елцин По доаѓањето на власт на Борис Елцин, Ходорковски започнал да се додворува на високи бирократи и политичари. Тој до 1991 година бил советник на рускиот премиер Иван Силаев. До 1994 година, неговата банка станала одговорна за средствата собрани за жртвите чернобилската катастрофа, како и за финансирање на градската управава на градот Москва и на самото Министерство за финансии. Со започнувањето на приватизацијата во Русија, Ходорковски најмногу искористил при продажбата на Јукос - профитабилна нафтена компанија. Процесот на трансфер на големите државни индустрии преку шемата заеми за акции требало да се одвива по пат на лицитации, кои пак биле контролирани од самата држава. Во случајот на Јукос, тоа била банката на Ходорковски која била одговорна за процесирање на поднесените понуди во лицитацијата. Така, Ходорковски победил на лицитацијата, а тој и неговите партнери стекнале удел од 78% во компанијата. Во 1992 година тој бил назначен за претседател на фондот за инвестиции на гориво и енергетската индустрија. Тој бил назначен за заменик-министерот за гориво и енергетика на Русија во март 1993 година. Ходорковски против Путин Ходорковски во времето кога Борис Березовски заминал од Москва, станал еден од најбогатите луѓе во Русија. Еден од најголемите конфликти со претседателот Владимир Путин бил околу купувањето на „Нортен оил компани“ од страна на „Роснефт“, која била во државна сопственост. На лицитацијата, неговата компанија изгубила бидејќи понудила помалку пари. Ходорковски се пожалил дека одговорните луѓе од „Роснефт“ им дале мито на државните службеници и поради тоа победиле на лицитацијата, и лично му порачал на Владимир Путин дека неговата администрација е составена од криминалци. Така Ходорковски започнал да ги финансира опозициските партии кои биле негативно настроени кон Путин. Немилоста на Путин?
Во почетокот на јули 2003 година, Платон Лебедев, партнер на Ходорковски и втор по големина акционер во Јукос, бил уапсен под сомнение за нелегално стекнување на акциите во државна сопственост на компанијата Апатит, во 1994 година. По два дена од апсењето на Лебедев, Ходорковски отишол во американската амбасада во Москва, каде го информирал амбасадорот за приведувањето на неговиот партнер. По ова, Ходорковски заминал за Вашингтон каде започнал преговори за продажба на неговиот удел во Јукос, кое дополнително го разбеснило на Путин. Во истото време, тој бил повикан да се појави пред обвинителите за да биде распрашан. На 25 октомври 2003 година, Ходорковски слетал со својот авион во централен Сибир за да наполни гориво, каде по слетувањето на авионнот бил уапсен од страна на службени лица на ФСБ. Канцеларијата на рускиот обвинител тврдел дека Ходорковски и неговите соработници ја оштетиле државата за повеќе од милијарда долари. По приведувањето на Ходорковски следуваа остри реакции од страна на западните земји во Европа. Рускиот водечки опозициски весник „Новаја газета“ го подржал Ходорковски со масовна кампања на постери и протести. Адвокатот на обвинетиот, Роберт Амстердам ја осудил судската постапка нарекувајќи го шоу-судење во кое Ходорковски ќе биде обвинет. Во мај 2005 година, 18 месеци по неговото приведување, судскиот совет го прогласил за виновен. Судската одлука била испишена на 100 страници. Ходорковски и неговиот партнер беа осудени на девет години затвор. На 31 март 2009 година, во Москва започнува ново судење на Ходорковски и Лебедев за нови обвиненија за проневера и перење пари. Ходорковски одбил да се изјасни, тврдејќи дека тој не го разбрал обвинението. Путин го помилува Ходорковски Топ тема во светот изминативе денови беше најавата на првиот човек на Русија, Владимир Путин да го помилува Ходорковски. Указот е потпишан на 20 декември и во истиот момент Ходорковски го напушти затворот. „Раководејќи се од принципите за хуманост, донесувам решение: да се помилува осудениот Ходорковски Михаил Борисович, роден во 1963 година во градот Москва, и да се ослободи од понатамошно отслужување на казната во вид на лишување од слобода“, се вели во текстот на указот. Во моментов се нејасни причините за помилувањето, кое беше изненадување и за адвокатите на затвореникот. Порано Ходорковски постојано одбиваше да побара помилување, бидејќи тоа во Русија е поврзано со признавање на вината. Р.Ф

Можеби ќе ве интересира

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад