22 Ноември, 2017
0.4110
    ALK 7231.17    -1.62%     BESK 10300    0%     GRNT 808.46    0.93%     KJUBI 1400    0%     KMB 2697.06    -0.11%     MPT 26306.88    -2.2%     OKTA 2530    -8.1%     RMDEN14 92.2    -2.95%     RZLV 45    0%     RZTK 450    1.81%     RZUS 106    -3.64%     SBT 1987    -9.86%     TNB 13500    0%     TPLF 1605.19    -0.11%     TTK 803.72    -1.5%     ZPKO 2601    0.04%

Досие Мирослав Грчев - Архитект на контроверзноста

Објавено во: Анализа 06 Ноември, 2017

Архитектот Мирослав Грчев во последно време како да ужива во контроверзноста која го опкружува со неговите често небулозни изјави за македонската историја со кои крева голем гнев кај многу граѓани. Грчев често со воодушевување говори за придобивките кои сме ги имале во екс Југославија додека владеењето на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ кога беа правени обиди да се зацврсти националниот идентитет и да се етаблира македонската историја преку повеќе проекти еднострано го оцени како фашизам.

Грчев е еден од дежурните експерти кои често ги ангажираа опозициските медиуми во минатото за изнесување на контра ставови за архитектирата и последиците од градежните зафати на проектот „Скопје 2014“ како и се друго што можеше да се искритикува претходната власт, но тој често дава и политички изјави како и историски оценки што се базираат повеќе на лични проценки отколку на научно издражни ставови кои ги имаат квалитетните историчари со сериозна научно-истражувачка дејност. 

Грчев повторно ја возменири македонската јавност со дел од изјава која ја има дадено за проектот „Музеј на Југославија“ каде говори дека македонската држава е буквално измислена на крајот на втората светска војна, а македонската нација и култура биле создадени токму во периодот на поранешната федеративна држава. Историски и политички дел од ова тврдење е сосема неточно и поразително и на некој начин се фрла дамка врз целокупната приказна за Македонија која во екс Југославија не успеа да реализира целосно ослободување и обединување како што тоа го посакуваа борците против фашистичкиот окупатор. Исто така не е коректно да се каже дека културата и јазикот на македонците се создале во Југославија туку дека тогаш се кодифицирале, верификувале и развивале со оглед на богатото наследство уште од времето на браќата Миладонови или било кои други македонски дејци. Секако, дебатата за историјата повеќе нема да ја шириме тука, туку ќе им ја препуштиме на историчарите.

Мирослав Грчев кој сега е професор на Архитектонскиот факултет има и многу негативни ставови кон спомениците од проектот „Скопје 2014“ па како предводник на комисијата на министерството за култура за нивна ревизија даваше изјави дека е можно дислоцирање на дел од спомениците за кои ќе се утврди дека биле поставени низ нерегуларна процедура. 

Грчев во минатото беше градоначалник на општина Центар, функционер на СДСМ и креатор на урбанистички планови во Скопје. Тој е и автор на зградата „Лумикс“ која никна во непосредна близина на зградата каде седиште некогаш имаше ЕСМ, а денес австриската енергетска компанија ЕВН. За овој проект исто така имаше многу негативни коментари бидејќи го затвора делумно приодот кон плоштадот и фрла сенка врз ГТЦ.

Сепак, многу повеќе јавноста говори за неговите провокативни изјави, колумни во кои дури и Советот на етика во медиумите детектираше говор на омраза, како и напади врз ВМРО-ДПМНЕ од чиста партиска побуда.

Грчев ја правеше експертизата за „Космос“ за случајот кој го води СЈО односно за градбата на бизнисменот Цаноски која беше рушена поради надминување на просторот и висината од добиената градежна дозвола. Иако за случајот има сомнежи дека е политички мотивиран, против Грчев имаше кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластување поради наводно неовластено користење на печат од Архитектонскиот факултет без согласност од ректорот на установата. 


Можеби ќе ве интересира

Заев ги игра сите соседи, дали крешендото е решавање на спорот со Грција?

Заев ги игра сите соседи, дали крешендото е решавање на спорот со Грција?

Ќе влезе ли Јовевски во пакет со новите министри во Собрание?

Ќе влезе ли Јовевски во пакет со новите министри во Собрание?

Супер што Владата обезбеди инкубатори, но зошто киксна со самофалбите?

Супер што Владата обезбеди инкубатори, но зошто киксна со самофалбите?