28 Април, 2024
0.0284

ДОСИЕ ТАТЈАНА МИХАЈЛОВА: Судијката која го бранеше Груевски не кажува зошто ја напушта претседателската фотелја!

Објавено во: Македонија 09 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Пред два дена судијката Татјана Михајлова која на специјалните јавни обвинителки Катица Јанева и Фатиме Фетаи им пресуди казна од 2000 евра поради непочитување на судот (Обвинителката Фетаи, откако не ѝ беше даден збор од Михајлова, стана и ѝ рече дека не е дојдена во судот за да види колку е убава, а потоа ја обвини Михајлова дека направила фалсификат со записникот од претходното рочиште) си поднесе оставка

Без да ја образложи причината за отстапувањето од судската фотелја Михајлова ја напушти улогата која ја имаше во најважниот суд во државата.

Медиумите шпекулираат дека судијката се повлекла од функцијата в.д. претседател затоа што Врховниот суд поништи седум од осумте прераспоредувања што таа ги потпиша, а во судските кругови се шпекулира дека таа се повлекла за да му го ослободи повторно столчето на Панчевски, кој би се вратил на првата позиција како в.д. претседател, со оглед дека изборот на претседател на судот ќе се одолговлечи.

Во текот на вчерашниот ден Судскиот совет ја потврди неотповикливата оставка на судијката која поеќе од очигледно ги застапуваше интересите на власта ако погледнеме наназад во случаите кои јасно го потврдуваат овој факт.

Која е судијката Татјана Михајлова?

Штури информации може да се најдат на официјалната страна на судот за биографијата на судијката Татјана Михајлова. Нема наведено никакви информации за образование, ниту искуство.

Единствено пишува име и презиме, дата на раѓање и дека работи на кривична материја.

Михајлова работеше на случајот со новинарот Томислав Кежаровски познат под името „Ликвидација“ каде новинарот беше осуден на четири и пол години затвор, но по реакциите на јавноста казната му беше намалена на две години.

Михајлова е судијката што им суди на екс премиерот  Никола Груевски, и екс министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески. Тие двајцата се првоосомничени во случајот за насилствата пред Општина Центар од јуни 2013 година, случај кој го води Сепцијалното јаво обвинителство.

Михајлова на подготвителното рочиште за случајот „Шамари“ донесе решение со кое забрани дел од „бомбите“ и заштитен сведок да бидат користени како докази во судењето против Груевски и другите 13 обвинети.

Сега се поставува прашањето: Која е намерата на в.д. претседателката Михајлова со повлекувањето од функцијата? Дали притисокот кој во судството тлее со години полека избива на површина или сепак судијката Михајлова му го отстапува столчето на Владимир Панчевски по нечија наредба?

И.С.

Можеби ќе ве интересира

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Јас предвидов дека на 8 мај ќе има политички вулкан

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Јас предвидов дека на 8 мај ќе има политички вулкан

АДВОКАТОТ МИТРОВСКИ: Спасовски намерно или не, му намести пенал на Палчо да аргументира пред турските судови дека во Македонија го чека политички монтирано судење

АДВОКАТОТ МИТРОВСКИ: Спасовски намерно или не, му намести пенал на Палчо да аргументира пред турските судови дека во Македонија го чека политички монтирано судење

ВАНКОВСКА ЈА ПРАШУВАЛЕ ЗА КОГО ДА ГЛАСААТ НА 8 МАЈ: Еве што им одговорила

ВАНКОВСКА ЈА ПРАШУВАЛЕ ЗА КОГО ДА ГЛАСААТ НА 8 МАЈ: Еве што им одговорила

ПОЛОГРАФОТ НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ ДОКАЗ ВО ЕДНА ПОСТАПКА: Еве што велат експертите

ПОЛОГРАФОТ НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ ДОКАЗ ВО ЕДНА ПОСТАПКА: Еве што велат експертите

НИШТО ОД СКАРА ЗА ПРВИ МАЈ: Ќе биде топло но ќе има можност за невреме

НИШТО ОД СКАРА ЗА ПРВИ МАЈ: Ќе биде топло но ќе има можност за невреме

ПАЦИЕНТ СО КОНГО КРИМСКА ХЕМОРАГИЧНА ТРЕСКА ХОСПИТАЛИЗИРАН НА ИНФЕКТИВНА: Тој е изолиран и моментално е во стабилна состојба

ПАЦИЕНТ СО КОНГО КРИМСКА ХЕМОРАГИЧНА ТРЕСКА ХОСПИТАЛИЗИРАН НА ИНФЕКТИВНА: Тој е изолиран и моментално е во стабилна состојба

ХАОС НА ТАБАНОВЦЕ И БОГОРОДИЦА: Србите влегуваат, Македонците излегуваат од земјава, еве каква е состојбата

ХАОС НА ТАБАНОВЦЕ И БОГОРОДИЦА: Србите влегуваат, Македонците излегуваат од земјава, еве каква е состојбата

ВАКА ИЗГЛЕДА РИМСКИОТ АКВАДУКТ ВО СКОПЈЕ: „Требаше да се реставрира, но нема ништо од тоа“, вели Грчева

ВАКА ИЗГЛЕДА РИМСКИОТ АКВАДУКТ ВО СКОПЈЕ: „Требаше да се реставрира, но нема ништо од тоа“, вели Грчева

ВИДЕО: ДВЕ СТРАШНИ СООБРАЌАЈКИ НОЌЕСКА ВО СКОПЈЕ: Едната во Центар, другата во Чаир

ВИДЕО: ДВЕ СТРАШНИ СООБРАЌАЈКИ НОЌЕСКА ВО СКОПЈЕ: Едната во Центар, другата во Чаир