26 Април, 2024
0.0269

„Доживеј го Тесла” и на мобилниот телефон

Објавено во: Мои пари 07 Август, 2017

Добивај вести на Viber

Првата музејска изложба во виртуелната реалност посветена на Никола Тесла, од сега покрај во Музејот на Никола Тесла во Белград е достапна и на мобилна апликација.

Direct Media, најголемата маркетиншко-комуникациска агенција во регионот, ја донираше изложбата “Доживеј го Тесла” на Музејот на Никола Тесла оваа година, во која прослави 15 години од своето успешно работење, а потоа креираше и апликација за мобилни уреди и уреди кои ја поддржуваат технологијата на виртуелна реалност. 

“Со креирањето на мобилната апликација, како дополнително искуство покрај изложбата, сакавме да го приближиме единственото искуство на интеракција со големиот научник и сите негови почитувачи од целиот регион и остатокот од светот кои не се во можност да го посетат Музејот на Никола Тесла”, изјавуваат од Direct Media системот.

Со соработката со Digital Mind, чиј тим ја креираше изложбата, Direct Media направи чекорнапред во користењето на технологија во музеологијата. Како изгледа да се стои покрај Тесла и неговата хидроцентрала на Нијагарините водопади, да асистираш во Колорадо спрингс или на платформата на кулата на Лонг Ајленд, каква била собата на Тесла во познатиот хотел “Њујоркер”, а каква неговата визија за иднината? Овие визуелни сцени се дел од изложбата во виртуелната реалност “Доживеј го Тесла” која во јуни е прикажана и на најголемиот саем за енергетика Експо 2017 во Астана, главниот град на Казахстан. 

Мобилната апликација на англиски јазик “Nikola Tesla Experience” може да се симне преку Google Play или Apple App Store, а повеќе информации за изложбата се наоѓаат на сајтот www.nikolateslaexperience.com и www.doziviteslu.com

Direct Media е присутна во осум земји од регионот: Србија, Црна Гора, БиХ, Хрватска, Словенија, Македонија, Албанија и Бугарија и има 15 години успешна работа во медијскиот адвертајзинг, маркетинг и комуникации.

Можеби ќе ве интересира

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“