06 Мај, 2024
0.0241

ДПИ: Извршeни 524 контроли и 26 надзори во угостителски објекти, изречени се четири кривични пријави

Објавено во: Економија 10 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Државниот пазарен инспекторат вчера изврши 524 контроли и 26 надзори во угостителски објекти, а изречени се четири кривични пријави. 

Контролите продолжуваат и за време на викендот без ДДВ. 

„Контролите се вршени по основ на придржување на објектите на пропишаните здравствени протоколи и пропишаното работно време. При тоа, утврдени се неправилности во 4 угостителски објекти, коишто ги прекршиле протоколите.  Поточно, во 3 објекта во Скопје и во 1 објект во Битола, за што ДПИ  ќе поднесе кривични пријави. Истотака, затекнати се два нерегистрирани објекти во Битола и Дебар, и еден објект во Скопје кој не го почитувал пропишаното  работно време за што ќе се спроведе прекршочна постапка. Воедно изречени се две мерки за прекршок според Законот за угостителство на два угостителски објекти во Дебар и Скопје. Поединечно по градови, во Скопје се извршени 7 надзори, 230 контроли, при што ДПИ изрече три кривични пријави, една прекршочна пријава и една мерка едукација (прекршок по Закон за угостителска дејност). Во Битола ДПИ спроведе 2 надзори, 15 контроли, и изречени се една кривична пријава, и затекнат еден нерегистриран објект. Во Дебар, се извршени 7 надзори, затекнат е еден нерегистиран објект и изречена е една мерка за прекршок по Закон за угостителство. Останатите надзори и контроли се спроведени во Прилеп, Делчево Кочани, Свети Николе, Струмица, Гевгелија, Тетово, Гостивар, Охрид, Струга и Куманово, при што од страна на ДПИ не се констатирани прекршувања на протоколите“, се наведува во соопштението.

Со оглед на тоа дека од денеска заклучно со понеделник (12.10.2020) трае викендот без ДДВ, инспекциските служби на ДПИ во текот на денешниот ден и следните денови се постојано на терен и спроведуваат интензивни контроли, не само во делот на почитување на здравствените КОВИД протоколи , туку и во делот на тоа дали цените на производите воведени во трговските книги на трговците, соодветствуваат со истакнатите цени на производите. 

Целта е да се спречат можни манипулации со цените на производите.

Можеби ќе ве интересира

АРАНЖМАНИТЕ ЗА МАЈ И ЈУНИ ПОПОЛНЕТИ, ИМА ПО НЕКОЕ МЕСТО И ЗА СЕПТЕМВРИ - Србите не се откажуваат од Грција, иако е поскапа за 15 отсто

АРАНЖМАНИТЕ ЗА МАЈ И ЈУНИ ПОПОЛНЕТИ, ИМА ПО НЕКОЕ МЕСТО И ЗА СЕПТЕМВРИ - Србите не се откажуваат од Грција, иако е поскапа за 15 отсто

СЕКОЈ ДЕСЕТТИ ГРК РАБОТИ ПРЕКУВРЕМЕНО, ХРВАТИТЕ МНОГУ ПОМАЛКУ, А БУГАРИТЕ НАЈМАЛКУ - еве што покажуваат податоците за земјите на Европската унија

СЕКОЈ ДЕСЕТТИ ГРК РАБОТИ ПРЕКУВРЕМЕНО, ХРВАТИТЕ МНОГУ ПОМАЛКУ, А БУГАРИТЕ НАЈМАЛКУ - еве што покажуваат податоците за земјите на Европската унија

КОНКУРЕНТСКИТЕ ВИ ГИГАНТИ ГИ ВОДАТ ЛУЃЕ КОИ СЕ РОДНИНИ И ПРИЈАТЕЛИ ОД ДЕТСТВОТО - еве како сѐ почна

КОНКУРЕНТСКИТЕ ВИ ГИГАНТИ ГИ ВОДАТ ЛУЃЕ КОИ СЕ РОДНИНИ И ПРИЈАТЕЛИ ОД ДЕТСТВОТО - еве како сѐ почна

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот