19 Мај, 2024
0.0253

Др. Марија Пасху: БИОТЕК Лабораторија воведува нови стандарди во работењето

Објавено во: Стил 27 Мај, 2016

Добивај вести на Viber

Интервју со Прим. Др. Марија Пасху - специјалист по медицинска биохемија во врска со потребата од редовни лабораториски анализи.

„БИОТЕК Лабораторија работи на воведување на нови анализи кои не се работат во другите лаборатории, како на пример PHI-Prostate Health Index, нов тест за детекција на канцер на простатата, кој овозможува избегнување на биопсија, а она кое навистина сакаме да го истакнеме е дека БИОТЕК инвестира во две нови лаборатории, молекуларна и микробиолошка, кои ќе бидат опремени со најсовремени апарати, и кои започнуваат со работа од јуни“ вели во интервјуто  Прим. Др. Марија Пасху.

Зошто е важно редовно да се проверува крвната слика? Колку често треба да се прават овие проверки?

За да се сфати важноста од редовна проверка на крвната слика најпрвин треба да се разјасни што всушност проверуваме. Поимот крвна слика во медицината подразбира одредување на: хемоглобин, еритроцити или црвени крвни зрнца, леукоцити или бели крвни зрнца, тромбоцити или крвни плочки и многу други параметри. Оттаму, параметрите на крвната слика даваат информации за клучни аспекти на здравствената состојба.

Леукоцитите укажуваат на тоа каква е одбраната на нашиот организам од инфекции. Подгрупите на леукоцитите или диференцијалната крвна слика покажуваат дали инфекциите се предизвикани од бактерии или вируси. Концентрацијата на хемоглобинот и еритроцитите и другите параметри кои се однесуваат на нив (MCH, MCHC, MCV, хематокрит) покажува дали постои слабокрвност (анемија). Тромбоцитите укажуваат на тоа каква е коагулацијата на крвта. Проверката на крвната слика обично подразбира и одредување на: шеќер, холестерол, триглицериди, ензими за функција на црниот дроб (AST, ALT), метаболити (уреа, креатинин), железо.

Токму затоа, ваквата проверка на здравјето се препорачува да се прави 2 пати годишно, а доколку некој од испитуваните параметри е патолошки, односно не е во границите на нормални вредности, овие проверки се прават многу почесто. Би сакала да нагласам дека заедно со крвната слика особено е важно да се направи и комплетен преглед на урината, за да се добие јасна слика за моменталната здравствена состојба на пациентот.???????????????????????????????

Тироидната жлезда е витална и е предзнак за многу болести. Колку често треба да се проверува нејзината функција?

Проблемите со тироидната  жлезда  можат да се јават кај секого, во кој било период од животот. Но, статистичките податоци покажуваат дека овие проблеми се почести  кај жените, особено во периодот после  40-та година. Во последниве неколку години забележано е дека оваа граница се поместува и се појавуваат пореметувања и кај помладата популација. Доколку не се воочи навремено, ова нарушување може да предизвика сериозни здравствени проблеми. Преку хормоните кои ги излачува, штитната жлезда влијае речиси врз сите метаболни процеси во организмот. Нарушувањата на штитната жлезда се движат од мала безопасна гуша која не е потребно да се лекува,  па сè до за животот опасниот карцином.

Стручните лица препорачуваат проверка на хормоните на тироидната жлезда во следните случаи:

  • Ако имате симптоми кои сугерираат на тироидна дисфункција, со или без морфолошка аномалија на тироидна жлезда.
  • Заради есенцијалната улога на тироидните хормони во растот и развојот на организмот, од голема корист е тироидниот статус е да се проверува и кај новороденчињата, како и кај децата со нарушувања во растот и развојот.
  • Ако веќе се лекувате од болести на тироидната жлезда и сте на терапија со синтетски антитироидни лекови или со тироксин (Т4).
  • Ако сте на терапија со лекови кои можат да предизвикаат промени на функцијата на тироидеата (литиум, амиодарон, интерферон, итн.).
  • Ако имате автоимуно заболување.

Да заклучиме - кај целата популација, особено женската, би требало да се проверат тироидните хормони најмалку еднаш годишно, а во случаеви на дисфункција секако почесто, според препораките на ендокринологот

Колку витаминот Д е важен за организмот и зошто треба да се следат циркулирачките нивоа на витаминот Д и на калциумот?

Недостатокот на витамин Д може да предизвика сериозни здравствени проблеми  како што се рахитис, остеопороза, нарушен имунитет, астма, когнитивни оштетувања, зголемен ризик од дијабетес, кардиоваскуларни и автоимуни болести.

Познато е дека витаминот Д е особено важен за коските со тоа што овозможува полесно апсорбирање на калциумот од храната. Витаминот Д помага во заштита и лекување на голем број заболувања како карцином, мултиплекс склероза и Алцхајмерова болест. Она што загрижува е фактот дека поголемиот дел од луѓето кои имаат недостаток на витамин Д во организмот не се свесни за тоа, бидејќи симптомите се најчесто многу суптилни. Се јавуваат во облик на болка во мускулите, коските или зглобовите, замор и депресија. Но, дури и во случаи кога не се присутни вакви симптоми, недостатокот на витамин Д може да предизвика сериозни здравствени нарушувања.

Најновите испитувања покажуваат дека популацијата сè повеќе страда од недостаток на витамин Д.

Вообичаено, зголемена потреба од витамин Д имаат луѓето со прекумерна телесна тежина кај кои се складира големо количество на витамин Д и со тоа се намалува неговата концентрација во крвотокот. Ова важи и за доилките и трудниците кои треба дополнително да конзумираат храна богата со витамин Д, особено во последните три месеци од бременоста, бидејќи тој директно влијае на растот и развојот на коските на бебето. Недостаток од витамин Д се јавува и кај повозрасните луѓе кај кои е присутна остеопорозата, а не се изложуваат на сонце и треба да ја надокнадат концентрацијата преку користење на додатоци во исхраната.

  Референтните вредности на витаминот Д  се од 30 до 100 ng/ml, меѓутоа анализите и нашите резултати покажуваат дека голем дел од популацијата има од 10-30 ng/ml што претставува недостаток на овој витамин.

Се препорачува проверка на концентрацијата на витамин Д и калциумот најмалку еднаш годишно. Периодот пред почетокот на летото е добар период за контрола на овие параметри, но со оглед на заштитата од сонце која е вообичаена, контролата се прави во секој период на годината кај сите возрасни групи.

Знаеме дека алергиите се сè поприсутни кај луѓето... БИОТЕК лабораторија нуди испитување на 5 панели од по 30 алергени, кои ја прават единствена во својата работа. Што ве прави различни и на колку време треба да се прават алергиски тестови и зошто????????????????????????????????

Поимот алергија се однесува на неприродно реагирање на одбрамбениот систем на некоја материја која обично не е штетна. Алергиите се јавуваат во различни облици, од оние кои се непријатни до оние кои се опасни за животот.

Не е познато зошто се јавуваат кај некои луѓе, но сепак се смета дека наследноста има улога во нивното создавање. Алергиите може да се појавуваат и да се смируваат во текот на животот, што ги прави редовните алергиски тестови неопходни. Барем еднаш годишно треба да направите алерго тест, за да бидете сигурни дали се работи за алергија или инфекција.

Алергиските тестови се прават кога имате или се сомневате на алергична реакција, со цел да го дознаете предизвикувачот-алергенот и да се заштитите од него. Нашата лабораторија нуди 5 панели со по 30 алергени: инхалаторен, нутритивен, комбиниран, педијатриски и географски. Се работи за исклучително квалитетни германски тестови кои се квантитативни, точни и различни од другите по користење на супстанцатa CCD blocking solution, која ги блокира лажно позитивните резултати.

Што сè нуди БИОТЕК Лабораторија? Каков тип на опрема поседува?

БИОТЕК Лабораторија нуди огромна палета на анализи од сите области на клиничката биохемија (погледнете ја веб страната), кои се изработуваат на најсовремени апарати и  тестови од реномираните светски производители: Backman Coulter, Human, BioMerieux, Mediwiss Analytic GmbH, Greiner, Randox,  и др.

Што е тоа што ја издвојува БИОТЕК Лабораторија од останатите лаборатории?

Освен современите апарати и тестови, БИОТЕК Лабораторија нуди услуги како што се проверка на целокупното здравје без упат за само 200 денари,  земање материјал за анализа во вашиот дом - оваа услуга ја нудиме за болни и стари лица во општина Центар, консултација со лекар, директна и телефонска, како и брзи и точни резултати со коментар, препораки и сугестии од лекар.

Што можеме да очекуваме од БИОТЕК Лабораторија во периодот кој следи и во кој дел ќе инвестира?

БИОТЕК Лабораторија работи на воведување на нови анализи кои не се работат во другите лаборатории, како на пример PHI-Prostate Health Index, нов тест за детекција на канцер на простатата, кој овозможува избегнување на биопсија, а она кое навистина сакаме да го истакнеме е дека БИОТЕК инвестира во две нови лаборатории, молекуларна и микробиолошка, кои ќе бидат опремени со најсовремени апарати, и кои започнуваат со работа од јуни.

Можеби ќе ве интересира

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“