04 Мај, 2024
0.0297

ДРАГАН НИКОЛОВСКИ за сите детали пред финалето: Хрватите ја запоседнаа Москва

Објавено во: Свет 15 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

Без трошка забелешка за домаќинот, Русија, со набој од полетот што навивачите го прават во Москва, нашиот спортски новинар Драган Николовски за Фактор пренесува дел од магијата пред денешното финале на Лужники. Како долгогодишен новинар следел и други првенства, но вели мундијал си е мундијал. Во Москва е со Тони Стојановски, но не беа таму од стартот на светското. Вели, градот бил преубав оти е таков и секогаш но сега и дополнително затоа што пулсира спортски. Вечерва за титулата светски првак се борат Франција и Хрватска.

„Прекрасно е чувството кога првпат ќе ја доживеете магијата на Црвениот Плоштад, токму кога низ него маршираат колони на наследници на некогашни неуспешни освојувачи на Москва. Кога црвената и белата боја шаховски разместени се оддалеку препознатливи и се знак дека големиот спортски настан има неочекуван протагонист на финалето. Хрвати толку масовно околу главните московски знаменитости никогаш не би имало, ако од речиси никаде нивната фудбалска репрезентација не стигна до финалето на Светското Првенство. Наполно заслужено, бидејќи на „Лужники“ вечерва нема да истрчаат само поради предвремените елиминации на Германија, Аргентина, Бразил или на Шпанија, туку поради тоа што со натчовечки напори го стекнаа правото да се борат за круната за којашто до само пред некој ден можеа да мечтаат“, вели Николовски.

Го прашавме и за исходот, какви се неговите очекувања од натпреварот. Логично, вели и здраворазумски Франција е фаворитот, ама коцкестите имаат шанси.


„Без оглед на се, Франција е фаворит. И тоа голем. Секоја чест на Модриќ, Ракитиќ, Манџукиќ и на Перишиќ, но вагата натежнува на страната на Погба, Мбапе, Гризман и на Канте. Ама, да не заборавиме, ова СП е се, само не и турнир со натпревари чијшто епилог е лесно да се претпостави врз основа на спортски познавања, или на претходни искуства. Така што, поради непредвидливоста којашто е одлика на целиот шампионат во текот на овој месец, однапред не би им ги одземал шансите на „коцкестите“ да станат осмиот светски првак во историјата. Дури ниту фактот што сметајќи ги продолженијата на сите три средби во нокаут-фазата одиграа 90 минути повеќе од Французите не би го сметал како нивни хендикеп, туку како скриен адут. И со Данска и со Русија и со Англија се враќаа по негатива, така што менталната цврстина и психолошката подготвеност им е одлика којашто не смее да се потцени и да се омаловажи“, вели Николовски.

Тој и Стојановски го коментираа и полуфиналниот двобој во којшто Хрватите ја елиминираа Англија. Вели дека можеби лично не помирисале каков бил мундијалскиот амбиент во преостанатите девет градови во коишто се играа натпреварите, меѓутоа доволно процениле дека Русија се покажа како беспрекорен домаќин во организациска смисла.  

А.Т.

Можеби ќе ве интересира

ОВИЕ РАСТЕНИЈА МОЖАТ ДА ДОНЕСАТ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Годишно може да се заработат 40.000 евра, само еден грам зачин чини 40 евра

ОВИЕ РАСТЕНИЈА МОЖАТ ДА ДОНЕСАТ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Годишно може да се заработат 40.000 евра, само еден грам зачин чини 40 евра

РУСИЈА РАСПИША ПОТЕРНИЦА ЗА ЗЕЛЕНСКИ: Покрената и кривична постапка

РУСИЈА РАСПИША ПОТЕРНИЦА ЗА ЗЕЛЕНСКИ: Покрената и кривична постапка

ТУНЕЛ ЌЕ ГИ ПОВРЗУВА ЕВРОПА И АФРИКА? Идејата е стара половина век, а сега би можела да се оствари

ТУНЕЛ ЌЕ ГИ ПОВРЗУВА ЕВРОПА И АФРИКА? Идејата е стара половина век, а сега би можела да се оствари

КАКО Е ДА СЕ БИДЕ РАБОТНИК ВО ШПАНИЈА: Се грижат за менталното здравје, а еве ги нивните плати

КАКО Е ДА СЕ БИДЕ РАБОТНИК ВО ШПАНИЈА: Се грижат за менталното здравје, а еве ги нивните плати

ПАРКИНГ ПРОСТОР НА ПРОДАЖБА ЗА „САМО“ 500 ИЛЈАДИ ЕВРА: Има само 18 метри квадратни, а се наоѓа на зелен простор! Еве каде е овој луксуз

ПАРКИНГ ПРОСТОР НА ПРОДАЖБА ЗА „САМО“ 500 ИЛЈАДИ ЕВРА: Има само 18 метри квадратни, а се наоѓа на зелен простор! Еве каде е овој луксуз

АКО ПАТУВАТЕ НИЗ ОВИЕ ЕВРОПСКИ ГРАДОВИ БИДЕТЕ МНОГУ ВНИМАТЕЛНИ: Еве каде има најмногу џепчии во Европа

АКО ПАТУВАТЕ НИЗ ОВИЕ ЕВРОПСКИ ГРАДОВИ БИДЕТЕ МНОГУ ВНИМАТЕЛНИ: Еве каде има најмногу џепчии во Европа

„АНТИСЕМИТСКИ ДИКТАРОТ КОЈ ГИ ПРЕКРШУВА ГЛОБАЛНИТЕ СИНЏИРИ“: Израел бара „правда“ по одлуката на Турција

„АНТИСЕМИТСКИ ДИКТАРОТ КОЈ ГИ ПРЕКРШУВА ГЛОБАЛНИТЕ СИНЏИРИ“: Израел бара „правда“ по одлуката на Турција

ЕКОЛОШКА КАТАСТРОФА ВО БЕРЛИН - отровен чад го покри небото, видлив со километри наоколу (ВИДЕО)

ЕКОЛОШКА КАТАСТРОФА ВО БЕРЛИН - отровен чад го покри небото, видлив со километри наоколу (ВИДЕО)

ПРЕДВИДУВАЊЕ ЗА СМРТТА НА КРАЛОТ ЧАРЛС: Датумот наводно е познат, велат дека не му останува уште многу време

ПРЕДВИДУВАЊЕ ЗА СМРТТА НА КРАЛОТ ЧАРЛС: Датумот наводно е познат, велат дека не му останува уште многу време