Држава ќе смести милион луѓе на вештачки острови
Објавено во: Свет 11 Јуни, 2019
Недвижностите во Хонгконг поскапуваат, и поради тоа жителите сега живеат во мали простори, како и во т.н. „домови-ковчези“ или поделени станови. Хонгконг за да им помогне на луѓето за домување, изготви план за зголемување на копнената површина со изградба на вештачки острови.
На најголемиот остров на Хонконг, Лантау, ќе бидат направени вештачки острови скоро двапати поголеми од Палм Џумеира во Дубаи. Се очекува изградбата на островите да почне во 2025 година, а првите жители да се вселат до 2032 година.
Проектот го носи името Lantau Tomorrow Vision и има за цел да создаде домови за ,1, милион луѓе со изградба на 260.000 до 400.000 станови, од кои 70% ќе бидат наменети за јавно домување. Планот вклучува и транспортна мрежа која ќе ги поврзува островите со Лантау и други делови од градот.
фото Википедија