15 Мај, 2024
0.0264

Државата да им се раздолжува на фирмите брзо: Бизнисот на состанок со Бесими утре

Објавено во: Економија 17 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Со неколку конкретни иницијативи ќе настапат бизнисмените пред министерот за финансии Фатмир Бесими - утре на средба во Стопанската комора претставници на реалниот сектор ќе му ги кажат на првиот финансиер сите нивни барања. Фактор дознава што ќе биде на масата пред Бесими кој седна во министерското столче во финансии во тежок период за македонската економија. Стопанството е на колена, а на средбата ќе бидат присутни претставници од домашните, ама и од странските компании во земјава. 

Бизнисот бара предвидливост на политиките, а една од иницијативите е да се воведе даночен календар. Во календарот Владата ќе треба да ги наведува сите измени кои ги планира во даночната сфера, до 30 јуни во тековната година, ако измените се планирани од почетокот на следната. Во меѓупериодот за бизнисмените е важно да нема други даночни промени. Клучно барање е тоа за ревидирањето на царинските стапки. Според стопанствениците Македонија има поголеми царини за увозот на многу компоненти што се потребни за производство на технолошки напредни производи во царинските стапки кои се применуваат за увоз од трети земји во ЕУ. Ова како што потенцираат, ја прави земјата неконкурентна како локација за инвестиции за другите земји членки на ЕУ и земјите од регионот и дополнително ги прави неконкурентни македонските производи. Затоа предлагаат законски измени за да се изедначат царинските стапки во Македонија на ниво со царинските стапки за истите производи во Европската Унија што според нив, може да се направи и фазно во текот на неколку години.

Во услови на намалена ликвидност во домашното стопанство која не е проблем само сега кога кризата е позначајна, проблемот со плаќањата се смета како клучен. Бизнисмените ќе бараат да се најде механизам за брза и ефикасна наплата на побарувањата и за случаите кога должник е било кој сегмент на јавниот сектор. Првично такво решение беше задолжницата, но се покажа како нефункционална и секако не важеше за наплата на побарувања од јавни институции.

Претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески во интервјуто за Фактор веќе истакна дека голем проблем е што деловните субјекти не можат да ги наплатат своите побарувања од државата долго.

„Државата толерира една „заштитена мечка“ - локални самоуправи, јавни претпријатија, разни сектори кој работат неефикасно и трупаат долгови, а на компаниите им вика, „можете да пукате но со гумени куршуми“. Тоа значи, тужете и чекајте 10 години да наплатите. Конечно, нашиот генерален став е дека по прашањето на ликвидноста и јавниот и приватниот сектор треба да бидат исти, да нема привилегирани, и да се води натпревар. Државните интереси нека се заштитат на друг начин, рече Азески.

Инаку стопанствениците сметаат дека мора да има и некои даночни промени – сакаат законски да се нормира холдингот и да се уреди посебен даночен режим за неговото функционирање. Една од промените би била дивидендите кои фирмата ќерка ги исплаќа во холдинг компанијата и обратно да бидат ослободени од оданочување.

Дел од барањата се однесуваат на примената на електронската фактура па се посочува дека таа е доста важна алатка.

Што се однесува до Ковид кризата стопанствениците сметаат дека државата треба да им ги признае расходите за тестирање на вработените за присуство на коронавирусот како признаен расход за целите на данокот на добивка.

Александра Томиќ

Можеби ќе ве интересира

ГЕРМАНЦИТЕ ВО ШОК И КАУФЛАНД ЗАТВОРА: Дел од неговите филијали во Германија заминуваат во историјата

ГЕРМАНЦИТЕ ВО ШОК И КАУФЛАНД ЗАТВОРА: Дел од неговите филијали во Германија заминуваат во историјата

НЕМА „ПЛАФОН“ ЗА ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА - СТАНОВИТЕ НАД 1.000 ЕВРА: Многумина жалат што платиле порано

НЕМА „ПЛАФОН“ ЗА ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА - СТАНОВИТЕ НАД 1.000 ЕВРА: Многумина жалат што платиле порано

НЕМА НАМАЛУВАЊЕ НА ПОБАРУВАЧКАТА НА НАФТА - ОПЕК тврди дека во 2024 година на светот ќе му требаа 2,2 милиони барели дневно

НЕМА НАМАЛУВАЊЕ НА ПОБАРУВАЧКАТА НА НАФТА - ОПЕК тврди дека во 2024 година на светот ќе му требаа 2,2 милиони барели дневно

„ЗА МАКЕДОНИЈА НАЈДОБРО Е ДА ГО ПРЕЗЕМЕ ГЕРМАНСКИОТ СЛУЧАЈ“: искрено и во негов стил, Бранко Азески во „Бизнис Муабети“ на Фактор

„ЗА МАКЕДОНИЈА НАЈДОБРО Е ДА ГО ПРЕЗЕМЕ ГЕРМАНСКИОТ СЛУЧАЈ“: искрено и во негов стил, Бранко Азески во „Бизнис Муабети“ на Фактор

КОМПАНИЈАТА КОЈА „ВЛАДЕЕ СО СВЕТОТ“ ДОБИ НОВ ГАЗДА: Еве кој е тој

КОМПАНИЈАТА КОЈА „ВЛАДЕЕ СО СВЕТОТ“ ДОБИ НОВ ГАЗДА: Еве кој е тој

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кој прави милиони евра во градот под Исарот?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кој прави милиони евра во градот под Исарот?

ПЕКИНГ БЕСЕН ПОРАДИ НОВИТЕ ЦАРИНИ ВО САД: Ќе го возврати ударот со сопствени царини, еве какви би можеле да бидат последиците

ПЕКИНГ БЕСЕН ПОРАДИ НОВИТЕ ЦАРИНИ ВО САД: Ќе го возврати ударот со сопствени царини, еве какви би можеле да бидат последиците

КОЈА Е КРАТОВСКАТА ФИРМА ШТО ЗНАЕ КАКО ДА ПРОФИТИРА И СО НАМАЛЕН ПРИХОД - чиста добивка од 400 илјади евра за три месеци, ова е рецептот

КОЈА Е КРАТОВСКАТА ФИРМА ШТО ЗНАЕ КАКО ДА ПРОФИТИРА И СО НАМАЛЕН ПРИХОД - чиста добивка од 400 илјади евра за три месеци, ова е рецептот

ФАКТОР АНАЛИЗА: Топ-10 најголеми маркети во 2023 - во КАМ се трошело најмногу, „Веро“ со најголема профитна маржа

ФАКТОР АНАЛИЗА: Топ-10 најголеми маркети во 2023 - во КАМ се трошело најмногу, „Веро“ со најголема профитна маржа