19 Мај, 2024
0.0289

Државата да прогласи елементарна непогода - Националната мрежа на земјоделци има осум барања

Објавено во: Македонија 27 Август, 2023

Добивај вести на Viber

Националната мрежа на земјоделци бара државата да прогласи елементарна непогода.

Високите температури и дождови се  причина за појава на болести и штети на земјоделските култури.

Ѓорѓи Каракашев од Националната мрежа на земјоделци вели дека климатските промени ја направија штетата на производите. Кажа дека годинава ќе има слаби приноси на грозјето, а со слаб квалитет сe и приносите на пченица и јачмен, а истото се очекува за кочанскиот ориз и ресенското јаболко.

Националната мрежа на земјоделци до Владата достави осум барања. Побараа да бидат ослободени од воден надоместок, усогласување на цените, производни цени на сите земјоделски култури, а кочанскиот ориз да се прогласи за стратешка култура. Барањата ги доставиле пред десеттина дена, а одговор засега немаат добиено.

„Се нанесоа катастрофални штети од поплави, болести, а имаше и присуство на град. Веднаш потоа имавме енормно високи температури, што дополнително ги отежнаа условите за производство. Сега сме сведоци на сериозни оштетувања. Кај некој култури има забележано од 50 до 100 проценти. Сега земјоделците се наоѓаат во една многу деликатна ситуација. Буквално не можат ни да ја поминат сезоната“, вели Каракашев.

Земјоделците се жалат дека секоја следна година е полоша. 

Можеби ќе ве интересира

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево