17 Мај, 2024
0.1670

Државата дала шест милиони евра за железничкиот транспорт

Објавено во: Економија 20 Јануари, 2021

Добивај вести на Viber

Во 2020 државата дала шест милиони евра субвенции за да функционира железничкиот транспорт. Тоа се пари дадени од буџетот преку Министерството за транспорт и врски за ЖРСМ Транспорт за да може да функционира превозот на патници и стоки.

Ова се пари дадени надвор од самофинансирачките приходи на претпријатието, кое наплаќа од компаниите за превоз на нафта и суровини транспортирана од возовите, како и од патниците. Држава дополнително дава пари и за одржување и изградба на пругите и другата опрема, но на второто претпријатие - ЖРСМ Инфраструктура.

Од железничкото претпријатие претходно известија дека 2020 година ја завршиле со негативен резултат најмногу поради состојбата со Ковид-19. Нивните податоци покажуваат вкупна загуба од 512.123.000 денари. Во товарниот сообраќај претпријатието бележи загуби од 145 милиони денари, а во патничкиот од 45 милиони денари. 

Загуба од 512.123.000 денари е уште поголема од онаа во 2019 година, кога претпријатието имаше загуба од 403.954.000 денари. Од таму потенцираат дека ЖРМ – Транспорт А.Д е од значајна вредност за државата и како таква е со специјален општествен интерес.
До крај на 2019 година нејзините вкупни обврски се над 90 милиони евра од кои тековни обврски се над 60 милиони евра. Финансиските податоци покажуваат дека ЖРСМ Транспорт е „жив песок“ за провајдери на услуги и добавувачи, а дека компанијата вака поставена е камен околу вратот за секоја македонска влада.

Владата најавува Физибилити студија за претпријатието според која во иднина треба да се утврди моделот кој е најсоодветен за преструктуирање - дали тоа ќе биде јавно приватно партнерство или пак можеби приватизација.

Ако студијата покаже дека може да биде самоодржливо со сегашниот статус, тогаш ќе бидат направени планови за внатрешни промени кои ќе овозможат да го подобри нивното работење.

А.К.



Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА