17 Мај, 2024
0.0327

Државата започна финансиски да ги помага ВИК Македонија и Дура Аутомотив

Објавено во: Економија 18 Август, 2020

Добивај вести на Viber

Дура Аутомотив добила 25,07 милиони денари пред еден месец од Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, додека на ВИК Македонија во зоната Алинци во Прилеп и биле исплатени 27,8 милиони денари од Владата во јуни како дел од договорите за државна помош во услови на неповолни глобални економски текови предизвикани од корна кризата.

ВИК Македонија е фабрика за производство на електрични апарати наменети за употреба во домаќинствата, а планира првична инвестиција од 15 милиони евра. Дура Аутомотив заедно со уште двете фабрики за производство на софистицирани автомобилски делови, кои дополнително ги гради, планира инвестициски циклус од 48 милиони евра 

Двете компании се странски инвестиции кои започнаа да работат изминатиот период и веќе започнаа да ја добиваат државната помош што им следува. Како што е познато, инвеститорите во развојните индустриски зони се ослободени од повеќе јавни давачки, добиваат комунални ослободувања и долгорочен закуп на градежно земјиште под ниски цени, субвенции за плати и помош за изградба на капацитетите.

Актуелната власт претходно донесе одлука да се покрене постапка за декласификација на класифицираните информации и договори за доделување на државна помош, склучени помеѓу Македонија и странски инвеститори, со што правилата за доделување на државна помош би биле исти, односно не би постоело дискреционо право некому да се даде повеќе, а на друг помалку. Сепак, во некои договори и понатаму бројките за финансиска помош се сокриени.

Странските инвеститори во Македонија во последно време се меѓу најуспешните и по приход и по добивка, започнувајќи од Џонсон Мети, Ван Хол, Гентерм, Кромберг и Шуберт, Џојсон Сејфти Системс, АРЦ Аутомотив и АМфенол Технолоџис во Топ-50 најдобри во 2019.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА