19 Мај, 2024
0.0263

„Државни патишта“ досега со продажба на 20.602 електронски картички и тагови за патарина

Објавено во: Економија 28 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Оваа година до сега ЈП „Државни патишта“ во рамки на електронската наплата на патарина, продаде вкупно 6895 уреди, од кои 4366 електронски МСмарт картички и 2529 електронски уреди Мтаг, со што, годинава е остварен промет само од продажба на уреди во висина од 3.741.400 денари. 

Од јавното претпријатие велат дека направени се 103.326 поединечни надополнувања на уредите од почетокот на 2020 до крајот на октомври и прометот по тој основ изнесува 235.366.191 денари. 

Инаку во 2019 „Државни патишта“ за половина година откако започна проектот, продаде 13.707 електронски картички и тагови откако од минатогодишниот јули беше воведен електронскиот систем на наплата на патарините низ Коридорот 10.

Од започнувањето на електронската наплата на патарина, па до 15-ти месецов се продадени вкупно 20.602 електронски картички и тагови.

-Ова укажува дека електронската наплата на патарина функционира успешно. Нашите корисници брзо се прилагодија на новиот систем за наплата затоа што самиот систем си има бенефити, брз проток, брз транзит, плаќање на фактури и онлајн, следење на состојби и транзити преку веб портал со што се избегнува дополнителна документација и слично. Фидбекот е позитивен, а тоа го покажуваат и остварените резултати, информираат од ЈПДП за МИА.





Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа