26 Април, 2024
0.0308

Државата се задолжи со нови 130 милиони евра

Објавено во: Финансии 08 Јануари, 2013

Добивај вести на Viber

Преку аукција на државни записи и обврзници денеска државата се задолжи со нови 130 милиони евра. Беа објавени шест поединечни акукции. Преку продажба на тримесечни записи беа собрани 39,7 милиони евра. Од аукцијата на шестмесечни записи Владата обезбеди 51,6 милиони евра, а со продажба на две петгодишни обврзници се собраа 37,9 милиони евра.

3 месечни записи                     39,7 милиони евра

6 месечни записи                     51,6 милиони евра

5 годинишни обврзници          37,9 милиони евра

Ова задолжување на домашен терен е прво во оваа 2013 та година. Министерот за финансии Зоран Ставревски изјави дека аукциите поминале добро и дека дел од овие пари ќе завршат кај приватните пензиски фондови кои беа законски принудени предвреме да ги продадат своите Еврообврзници.

Денешното задолжување на Владата се спроведе во ист ден кога Македонија ја раздолжи Еврообврзницата од 175 милиони евра. Денеска беа вратени вкупно 183 милиони евра, сума во која е вклучена основицата од 175 милиони евра и уште 8 милиони евра, камата за половина година. Инаку Еврообврзницата, која беше издадена во кризната 2009та година, се смета за едно од најскапите задолжувања за кои, во период од три години беше платена камата од 51,8 милиони евра. Денешното раздолжување според министерот Ставревски ја потврдува макроеономската стабилност на земјата и праќа позитивен сигнал до инвеститорите.

„Со исплатата на оваа еврообврзница, де факто на краток рок, и нивото на државниот долг се намали на 28,5% од БДП. Се разбира, со средствата што ги обезбедивме од Светската банка и со гаранцијата од Светска банка ние ќе ги надоместиме овие средства, односно ќе го вратиме нивото на девизни резерви тогаш кога ќе пристигнат во Македонија“, рече Ставрески.

Опозициската СДСМ обвини дека станува забор за скапо задолжување што завшило за непродуктивни трошења

“Парите не отидоа за капитални инвестиции, бидејќи нема автопат, ниту хидроцентрала, кои за три години можат да донесат приход за да се врати и позајменото и да се плати каматата. Тоа значи дека сите граѓани на Република Македонија во изминатите три години се осиромашени за повеќе од 50 милиони евра, колку што мораше да се плати како камата на долгот “ – оценија од СДСМ и го повикаа Владата на чело со премерот Никола Груевски, да им се извини на граѓаните зошто парите не ги вложила во капитални инвестиции, туку како што велат за луксузирање.

Со задолжувањето во 2009 та, кое се сроведе во мандат на  министерот Трајко Славевски , јавниот долг тогаш порасна за речиси 3% од Бруто Домашниот Производ.

“На овој начин Министерството за финансии ефикасно ги обезбеди потребните средства за непречено финансирање на буџетот и продолжување на реализацијата на проектите на Владата“  - изјави тогашниот  министер за финансии Трајко Славески. 

Во јавноста остана  дилемата дали ова скпао задолжување можеше и мораше да се избегне, особено што тогаш Македонија имаше и шанса за поефтино задолжување преку Меѓународниот Монетарен Фонд. Но овој заем тогаш претпоставуваше  условувања и строга контрола врз начинот на кој се трошат парите.

Првата Еврообрзница Македонија ја издаде во 2005 та година, во мандат на СДСМ, кога министер за финасии беше Никола Поповски.  Вредност  на ова задолжвање изнесуваше 150  евра а  камтата, која сеуште се плаќа изнесува 4,62%.

Можеби ќе ве интересира

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈСТАРАТА МАКЕДОНСКА БАНКА СЛАВИ 80 ГОДИНИ, А ИМА И УБАВА ВЕСТ - еве како оствари чист профит поголем од 14 милиони евра

НАЈСТАРАТА МАКЕДОНСКА БАНКА СЛАВИ 80 ГОДИНИ, А ИМА И УБАВА ВЕСТ - еве како оствари чист профит поголем од 14 милиони евра

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат