26 Април, 2024
0.0309

Државите со најевтина работна сила, Македонија ја нема во првите десет

Објавено во: Стил 16 Април, 2013

Добивај вести на Viber

Секогаш кога имаат можност, големите компании претпочитаат да користат услуги во земјите со евтина работна сила . Во некои земји, трошоците повеќекратно пониски главно поради ниските плати. Не само кога станува збор за фабрики и барање работници, многу компании веќе бараат квалификувани кадри за сметководство, веб технологија и високо образование на вработените. Во изборот на тоа каде ќе инвестираат се разгледуваат факторите како тоа дали се зборува најчесто англискиот јазик, какви се законите во државата, има ли развиена инфраструктурата и комуникации. Корупцијата е исто така важен фактор. Сепак има држави во кои цената на трудот е толку ниска што какви и да се другите трошоци, крајната цена на производот е најниска. Ове се 10-те земји во светот со најевтина работна сила: 10. Египет - 0.80 долари на час Египет има население од над 80 милиони. Се наоѓа не многу далеку од Европа и многу европски компании за облека имаат фабрики таму. Таму работат и многу кол центри и центри за ИТ услуги. Меѓу негативните фактори се политичката нестабилност и религиозниот екстремизам. 9. Шри Ланка - 0.62 долари на час Во Шри Ланка има огромна работна сила и младите зборуваат англиски јазик. Овде се сместени многу кол центри и компании кои обезбедуваат услуги како сметководство, обработка на податоци и сл. Повеќето странски компании се британски, бидејќи Шри Ланка е поранешна британска колонија. 8. Сенегал - 0.52 долари на час Тука има многу кол центри. Овде се зборува претежно француски, па затоа компаниите кои ја користат работната сила се главно француски. 7. Кенија - 0,50 долари на час Како поранешна колонија на Велика Британија и овде доста луѓе зборуваат англиски јазик.Сепак проблем е корупцијата. 6. Индија - 0.48 долари на час Во Индија многу луѓе зборуваат англиски и има голем број компјутерски експерти. Тука има многу кол центри и оддели за софтвер. Населението брои над 1 милијарда луѓе, од кои повеќето живеат во сиромаштија. Има висока стапка на криминал. 5. Виетнам - 0.39 долари на час Иако официјално е комунистичка држава, Виетнам ги отвори вратите за странски бизниси преку серија реформи. Овде проблем е главно транспортот. 4. Гана - 0.32 долари на час Во Гана многу луѓе зборуваат англиски. Погодна е за кол центри. 3. Пакистан - 0.32 долари на час Во Пакистан англискиот јазик е многу распространет. Но и тука  како и во Индија криминалот е проблем. 2. Бангладеш - 0.23 долари на час Тука има многу високо образовани луѓе кои бараат работа. Во фабриките работат и мали  деца. Бангладеш е државата со најкорумпирана бирократија во светот. 1. Мадагаскар - 0.18 долари на час Во Мадагаскар ќе ги најдете најевтините работници во светот, платени се само 18 центи на час. Овде  има многу фабрики за производство на облека, кол центри, се вршат услуги поврзани со сметководство и  информатичката технологија.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти