03 Мај, 2024
0.0342

Државното земјоделско земјиште се дава на лица блиски до власта?

Објавено во: Агробизнис 22 Октомври, 2013

Добивај вести на Viber

СДСМ обвинува дека само луѓето блиски до власта можат да купуваат земјоделско земјиште, од Министерството за земјоделство реагираат- тоа е лицемерно. ВМРО ДПМНЕ не ги информира земјоделците навреме и носи закони, со кои луѓето блиски на власта можат да купат државно земјоделско земјиште, обвини денеска општинската организација на СДСМ од Куманово. Тие побараа Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство кое распиша јавен повик за доставување на иницијатива за продажба на земјоделското земјиште дадено под закуп на правни и физички лица, за ја запре продажбата. „Застануваме на страна на земојоделецот и ја повикуваме владата да ја запре продажбата, бидејќи најголем дел од земјоделците кои имаат замено под закуп државно земјиште го користат за засејување на пченица и јачмен, а знаеме како помина откупот годинава“, истакна портпаролот на кумановскиот огранок на СДСМ, Саше Тодоровски. Според него, 200 илјади евра Министерството дало за нови возила, а ги искористило единствено за кампањата за локалните избори, додека сега комуницираат со земјоделците само по интернет. „ Тоа е само потврда дека овој закон експресно го донесоа за да може луѓето блиски до власта да купат државна земјоделска земја, бидејќи вистинските земјоделци немаат пари да ја платат концесијата, а не да купуваат земја“, рече Тодоровски. Во својата реакција, од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство запрашаа на што СДСМ го темелат барањето за стопирање на продажбата на државното земјоделско земјиште. „Каде воопшто видоа дека Владата има намера без согласност на самите земјоделци да го даде на продажба државното земјоделско земјиште? Дали „стручните и загрижени“ во СДСМ, покрај следењето на вестите на веб страната на Министерството, понекогаш читаат дневни весници, каде што, исто така беше објавен Јавниот повик за доставување на иницијативи за продажба на земјоделско земјоделско земјиште дадено под закуп? Така неинформирани, неуспешно се ставаат во ситуација на гласноговорници на партискиот центар за манипулации и извртување факти за политиките во земјоделството“, стои во реакцијата од каде велат дека лицемерно е застанувањето на СДСМ или општискиот огранок од Куманово на страна на земјоделецот.  

Можеби ќе ве интересира

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?