19 Мај, 2024
0.0298

ДС: Обидите на Ковачевски, Османи и Маричиќ, со манипулативни настапи да обезбедат поддршка за уставните промени не успеаја

Објавено во: Македонија 26 Август, 2023

Добивај вести на Viber

Во ниту еден документ не е дефинирано дека македонскиот јазик ќе биде официјален во ЕУ, велат од Демократскиот сојуз. 

Од партијата велат дека јасно е дека без темелни и суштински реформи во судскиот систем, владеење на правото, развој и јакнење на демократијата и одговорноста, како и силна и неселективна борба против криминалот и високата корупција, тешко ќе се движиме кон Европската унија.

„Обидите на Ковачевски, Османи и Маричиќ, со манипулативни настапи да обезбедат поддршка за уставните промени не успеаја, затоа што граѓаните препознаваат дека власта не ја говори вистината кога вели дека со внесувањето на Бугарите во Уставот, нашиот пат кон ЕУ нема да наиде на пречки и блокади од Софија за билатералните историски и идентитетски прашања“, велат од Демократски сојуз. 

Тие потсетуваат на, како што велат три клучни елементи:

„Прво, во ниту еден документ на ЕУ, не е дефинирано дека македонскиот јазик ќе биде официјален после приемот на Македонија во ЕУ. Во заклучоците на Советот на ЕУ стои дека преводот на документите ќе се врши на македонски јазик, при што и Бугарија има изјава дека македонскиот јазик е секундарна кодификација на бугарскиот литературен јазик, дополнително „збогатен“ со локални форми, со што се симулираше „природен“ процес заснован на дијалектни форми. Не поминува манипулацијата за македонскиот јазик со договорот со ФРОНТЕКС, бидејќи тој договор нема никаква поврзаност со Преговарачката рамка. Второ, историските, образовните и идентитетските прашања се составен дел на Преговарачката рамка и другите одлуки на ЕУ и тие во основа произлегуваат од бугарската декларација со која се негира македонскиот народ и јазик, како и Договорот за пријателство, добрососедство и соработка (заедничка историја, годишни протоколи, Комисија за историски и образовни прашања итн.). Трето, Владата ниту се обиде ниту пак обезбеди РЕЦИПРОЦИТЕТ поврзан со вградувањето на Бугарите во Уставот на Македонија и признавањето на правата на Македонците за формирање нивни асоцијации во Бугарија. Власта нека презентира во јавноста контра аргументи за овие тврдења, тогаш ќе се промени определбата на над 80 отсто од граѓаните кои не поддржуваат уставни промени“, додаваат од Демократски сојуз. 

Од СДСМ велат дека Македонија ќе пропушти историски шанса и дека цената за тоа ќе биде многу висока. 

Можеби ќе ве интересира

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево