ДУИ од Скопје ја стартува изборната трка
Објавено во: Македонија 24 Септември, 2017
Демократската унија за интеграција од Скопје ја започнува трката за локалните избори на 15 октомври. Тие денеска во 16:00 часот на партиска конвенција во хотелот „Александар Палас“ во Скопје, ќе ги претстават кандидатите за градоначалници и за советници.
На конвенцијата, како што е најавено, ќе се обрати лидерот на ДУИ Али Ахмети.
Од ДУИ истакнуваат дека нивните кандидати се со личен и семеен кредибилитет, со отчетност и со јасни визии за доброто на општините каде ќе се натпреваруваат на локалните избори.
– Демократската унија за интеграција на Локалните избори 2017 се натпреварува со вредности постигнати со текот на годините и истовремено е посветена на почитување на меѓународните стандарди, придонесувајќи за демократски, слободен и фер изборен процес, наведуваат од Централен изборен штаб на ДУИ.