15 Мај, 2024
0.5558

ДУИ во ресторан за свадби ќе го избира новото претседателство

Објавено во: Македонија 12 Октомври, 2022

Добивај вести на Viber

По договорот на претседателот на ДУИ, Али Ахмети, постигнат на 4 октомври на средбата со таканаречената „Огнена група“,претставена од Изет Меџити, Блерим Беџети, Невзат Бејта и Муса Џафери, новите партиски тела ќе се формираат во ресторан за свадби, објави Алсат.

Претседавачот Ахмети упатил покана до медиумите за конституирањето на Претседателството, изборот на Надзорниот совет, распишувањето избори во ограноците на младинскиот форум, како и во локалните совети и ограноци на Демократската унија за интеграција. Средбата ќе се одржи во сабота, 15.10.2022 година, со почеток во 13:00 часот, во Тетово, ресторан АRRA.

Вицепремиерот Артан Груби беше во фокусот на писмото од 25 септември за кадровските избори, кој беше обвинет за арогантно и дилетантско однесување со партиските структури.Со формирањето на телата се очекуваат промени и во централното претседателство од 33 члена и тесното раководство од 4-те потпретседатели, 2 секретари и портпарол. Исто така, се очекува и надзорниот совет на генералниот совет на партијата да има посебна улога во организацијата и функционирањето на партијата.

Изминатата недела по речиси шест часа во седиштето на ДУИ во Мала Речица заврши средбата на претседателот на партијата Али Ахмети со т.н. огнена група која барa партиски реформи. Лидерот на ДУИ по овие разговори најави дека дебатата во партијата ќе продолжи, а за десетина дена ќе има Централно собрание на кое ќе се избере ново претседателство.

„На 15 октомври ќе има Централно собрание каде ќе се разговара за политичката ситуација, но и ќе се избере новото претседателство и веднаш истиот ден новото претседателство ќе се врати во седиштото на ДУИ каде што ќе меѓу другото ќе се разговара за политичката ситуација и ќе има отчет од владиниот состав на ДУИ“, изјави Ахмети на прес-конференцијата придружуван од Муса Џафери, Блерим Беџети, Изет Меџити, Садула Дураку и Невзат Бејта.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Медицинскиот директор на Токсикологија е разрешен

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Медицинскиот директор на Токсикологија е разрешен

ТРАЈАНОВ: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ наскоро ќе обезбеди 63 – 64 пратеници

ТРАЈАНОВ: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ наскоро ќе обезбеди 63 – 64 пратеници

ФУНКЦИОНЕР НА НАТО: Северна Македонија во НАТО влезе под уставното име и тоа е името под кое се претставува

ФУНКЦИОНЕР НА НАТО: Северна Македонија во НАТО влезе под уставното име и тоа е името под кое се претставува

OСМАНИ СО АМБАСАДОРИТЕ: Изразив загриженост за компромитирање на изборниот процес

OСМАНИ СО АМБАСАДОРИТЕ: Изразив загриженост за компромитирање на изборниот процес

OJO ЗА УБИСТВОТО ВО СТАЈКОВЦИ: Eдно лице ги убило сопствениот брат и сопругата на другиот брат

OJO ЗА УБИСТВОТО ВО СТАЈКОВЦИ: Eдно лице ги убило сопствениот брат и сопругата на другиот брат

ПОСВОЕНИТЕ ИМААТ ПРАВО ДА ЗНААТ КОИ ИМ СЕ РОДИТЕЛИ: Дали пресудата од Стразбур во корист на Митровска ќе го смени Законот за семејство?

ПОСВОЕНИТЕ ИМААТ ПРАВО ДА ЗНААТ КОИ ИМ СЕ РОДИТЕЛИ: Дали пресудата од Стразбур во корист на Митровска ќе го смени Законот за семејство?

ТРАГЕДИЈА: Двојно убиство го потресе Стајковци

ТРАГЕДИЈА: Двојно убиство го потресе Стајковци

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ПРЕСЕЧЕ - разрешен е директорот на Токсикологија, Данил Петровски

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ПРЕСЕЧЕ - разрешен е директорот на Токсикологија, Данил Петровски

ПОВЕЌЕ НАРЕДБИ ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ПРИЧИНИТЕ ЗА СМРТТА НА БЕБЕТО ОД ВЕВЧАНИ: ОЈО прибира докази, земени се документите од „Св Еразмо“

ПОВЕЌЕ НАРЕДБИ ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ПРИЧИНИТЕ ЗА СМРТТА НА БЕБЕТО ОД ВЕВЧАНИ: ОЈО прибира докази, земени се документите од „Св Еразмо“