02 Мај, 2024
0.2350

ДУРИ 5,27 МИЛИЈАРДИ ЕВРА ВО ДОМАШНИТЕ БАНКИ - македонските граѓани штедат и во време на криза, тоа е инвестиција во иднината

Објавено во: Финансии 31 Октомври, 2022

Добивај вести на Viber

Фондот за осигурување на депозитии Македонската банкарска асоцијација го одбележуваат Светскиот ден на штедењето, 31 октомври. Овој ден се одбележува низ целиот свет со цел да се промовираат личните заштеди во банките и штедилниците, да се потсетиме на важноста од редовното штедење, креирање на мрежа на заштита на депозитите и да потсетиме дека заштедите му помагаат и му овозможуваат на поединецот да ги постигне своите цели и идеи.

„Прославата на Денот на штедењето се фокусира на улогата на стабилизатори во општеството која ја имаат штедењето и банкарството во целокупниот финансиски систем. Стабилноста произлегува од довербата во банките кои се одговорни партнери во општеството, блиски се до клиентите, ги опслужуваат домаќинствата и ги помагаат малите и средни фирми“, се вели во соопштението од Фондот.

Едукацијата и потсетувањето на луѓето за културата на штедење се неопходни особено во услови на глобална економска криза, која за жал ја зголемува невработеноста и сиромаштијата ширум светот.

„Денес, и покрај силните надворешни негативни влијанија врз економијата во Македонија, банкарскиот сектор во Република Северна Македонија може да се оцени како стабилен, цврст, отпорен на глобалната криза предизвикана од воениот конфликт кој сè уште трае и се разгорува во Украина, а на кој му претходеше долга и сурова борба со пандемијата предизвикана од заразната болест COVID-19.

Доказ за цврстината на банкарскиот сектор е вкупниот износ на депозитите на населението кој во септември 2022 година изнесува 325 милијарди денари или 5,27 милијарди евра или изразено во проценти, тоа претставува пораст од 5,41 отсто споредено со истиот период минатата година. Стабилноста на банкарскиот сектор е резултат на осигурувањето на депозитите на население кое се врши преку Фондот за осигурување на депозити, секогаш подготвен за брзо и навремено обесштетување на депонентите при ризичен настан.

Финансиската стабилност е важна заради кредитна поддршка на малите и на средните компании, што придонесува за јакнење на економијата во целина. Поголеми депозити значат и поголеми инвестиции во стопанството. Секој заштеден денар е денар инвестиран во иднината“, се вели во споопштението од ФОД.

Можеби ќе ве интересира

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци