Две мерки за самовработување - шанса за младите до 29 години
Објавено во: Економија 06 Октомври, 2016
Повик за две нови мерки за самовработување стартува денеска и тоа за кредитирање за самовработување за млади до 29 години и кредитирање за отворање на нови работни места во постоечки компании за млади до 29 години.
Овие мерки имаат уште поповолни услови од оние досега, вели заменик министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов.
Секое младо лице до 29 години може да земе кредит од 7.500 евра со грејс период од 1.5 година и со 1% камата. За отворање на нови работи места може да земе кредит по 4.000 евра и за оваа мерка се обезбедени вкупно 23.000 евра.
За компаниите кои сакаат да вработат млади до 29 години, истите можат да искористат по 4.000 евра за ново работно место. Тоа значи максимум 12.000 евра за 3 нови работни места.
Изминатиот период 500 млади луѓе се самовработиле со помош на ваквите мерки.