19 Мај, 2024
0.0337

Две земји во регионот воведуваат полициски час

Објавено во: Балкан 10 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

За да го спречат ширењето на коронавирусот, Aлбанија и БиХ воведуваат полициски час. 

Албанија од утре воведува полициски час. Забраната за движење ќе важи од 22:00 до 06:00 часот во наредните три недели. Право на движење ќе имаат само луѓето кои се на работа и службите за итни потреби.

Во текот на полицискиот час угостителските објекти кои ќе имаат можност само за достава на храна, додека за јавната администрација се воведува работа онлајн или со ротација на вработените, во зависност од спецификите на секторот.

Во изминатите 24 часа од направените 2 723 тестови во Албанија, позитивни се 563 лица. Во исто време битката со вирусот ја загубија осум пациенти, со кои бројката на починати достигна 579 лица.

Кризниот штаб на БиХ најави нови мерки, а една од нив е ограничено движење на населението, односно полициски час што ќе важи од 23 часот до 5 часот наутро. Одлуката стапува на сила утре, наведува „Кликс“.

Новата одлука е да се ограничат собирите на граѓани на најмногу 30 лица, и внатре и надвор.

Забраната за движење се однесува на целата територија на Федерацијата БиХ. Од одлуката ќе бидат изземени оние кои работат во смени во текот на ноќта (со валидна потврда од работодавачот), како и државните службеници што работат на спроведувањето на мерките.

Претходно, Грција воведе карантин. 

Можеби ќе ве интересира

ГЕРАПЕТРИТИС: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

ГЕРАПЕТРИТИС: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ПОЛИЦИЈАТА ЗАПЛЕНИ СЕКИРА И НОЖ: Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

ПОЛИЦИЈАТА ЗАПЛЕНИ СЕКИРА И НОЖ: Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот