29 Април, 2024
0.0367

ДВЕТЕ ДАМИ ВО ФИНАНСИИ ПАК НА ЖЕШКА ЛИНИЈА - колку вработувања има пред изборите

Објавено во: Финансии 18 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Повторно врие во Министерството за финансии. Дополнителната заменичка министерка Гордана Димитриеска-Кочоска барала одговори, но како што вели, не добила од министерката Нина Ангеловска, за тоа колку пари за вработувања се дадени од државата, и колку се издадени согласности за ангажирање. Таа тврди дека ова има врска со изборите, но министерката сметала дека нема поврзаност.

„Денеска до мене од страна на „транспарентната“ министерка Нина Ангеловска, беше доставен одговор на нашето барање за доставување на копии од известувањата за обезбедени финансиски средства за вработување и согласности за ангажирање, кои првенствено ние ги бараме како такви, со оглед дека министерството наводно немало евиденција за својата работа во однос на овие предмети, а со цел ние да направиме евиденција и за истото да ја известиме јавноста и македонските граѓани.

Со овој одговор, министерката известува дека немала законска обврска за доставување на истите, а повикувајќи се Одлуките на судот, според кои немало обврска за врзан потпис, кои напоменувам не се конечни, па оттука „транспарентната“ министерка влече заклучок дека бараните податоци не се правни, финансиски и кадровски прашања поврзани со организација на изборите. Замислете!“, пишува Кочоска во своето соопштение.

Зошто се кријат овие податоци, прашува таа. „Зар на граѓаните им е потребно право децидно и експлицитно утврдено, за министерката да им удоволи со податоци на кој начин се трошат нивните пари? Почитувана „транспарентна“ министерке, повторно ве повикувам, ако сметате дека не треба мене (иако имате законска обврска), удоволете им на граѓаните и одговорете колку известувања за обезбедени средства за вработувања имате издадено во периодот од дознавање за одржување на предвремени парламентарни избори до денес, и тоа колку на неопределено време, колку на определено време, колку за вработувања преку Агенциите за привремени вработувања, колку согласности имате издадено за ангажирања на лица со договор за дело и со авторски договори и како сте ценеле за нивната реална потреба и колку тоа ја чини државата“, вели дополнителната заменичка.

А министерката Ангеловска, пак, во повеќе наврати кажува дека Министерството за финансии е една од најтранспарентните институции. Според неа, граѓаните се уморни од дневнополитички препирки.

„Сметам дека граѓаните се малку уморни од овие дневно политички обвинувања и обиди за наслови во медиуми наместо да се работи. Не е проблем, ние ги одговараме барањата, немаме што да криеме, сѐ што работи Министерството за финансии е најтранспарентно, не знам дали била работата потранспарентна. Замислете целата таа енергија која се троши на дневно политички меѓупартиски препирки, препукувања и обвинувања се насочи кон барање на решенија, солуции, конструктивна дебата, замислете како може да се движи нашата земја и да се менува нашиот ментален склоп. Јас би повикала на тоа - со позитивна енергија со желба за работа да се обидеме да ја насочиме енергијата онаму каде што е потребно за доброто на нашата земја и за доброто на граѓаните“, рече Ангеловска.

Можеби ќе ве интересира

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА НЛБ БАНКА - ќе се дели богата дивиденда, еве колку таа ќе изнесува по акција

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА НЛБ БАНКА - ќе се дели богата дивиденда, еве колку таа ќе изнесува по акција

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?