Џамбаски го коригира Османи: Самуил е бугарски цар, а Гоце Делчев е Бугарин
Објавено во: Македонија 13 Јули, 2022
Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски му порача на министерот за надворешни работи на Македонија, Бујар Османи дека не постојат две верзии на историјата.
„Таа перспектива може да се стави во учебниците, но само ако се одобри од комисијата, а таа е автономна и нема рокови. Бугарија нема да прави компромиси со историската вистина. Самуил е бугарски цар, а Гоце Делчев е Бугарин“, напиша Џамбаски.
Џамбаски на својот Фејсбук профил објави фотографии на кои се вели „Не ја предавај Македонија“.
Тој претходно објави и фотографија со мапа на која Македонија е под Бугарија.
Македонските граѓани овие фотографии масовно ги споделуваат на социјалните мрежи со барање Владата и надлежните министерства да реагираат.