КОМЕНТАР
Џелал Хоџиќ: Омекнувањето на Иванов е евидентно, мирниот трансфер на власта сега зависи од Груевски
Објавено во: Македонија 02 Мај, 2017
„Сите очи на целата демократска јавност беа свртени на посетата на Хојт Ји, со надеж дека ќе успее да направи доволен притисок кон Груевски и Иванов, за да се овозможи мирен трансфер на власта.
Омекнувањето на Иванов е евидентно, тој сега бара од Заев нешто што лидерот на СДСМ со месеци го кажува, дека нема да има промена на Уставот. Сепак, дозволете да потенцирам, дали ќе има мирен трансфер на власта највеќе ќе зависи од однесувањето на Груевски. Останува да видиме деновиве како ќе се однесува ВМРО-ДПМНЕ.
Јас очекувам Талат Џафери што поскоро да свика седница, а ВМРО-ДПМНЕ да опстои во неговото непризнавање и да го напушти Собранието“.
Коментира за Фактор: Џелал Хоџиќ -колумнист