17 Мај, 2024
0.0316

Џевахир Холдинг го одбележа Светскиот ден на децата

Објавено во: Мои пари 20 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Денеска на глобално ниво, УНИЦЕФ го одбележува Светскиот ден на децата, промовирајќи ги нивните права и борејќи се за нивната добросостојба. Со своите партнери во повеќе од 190 земји, прави посебни напори за да допре до најранливите категории деца, а на тој начин да придонесе за безгрижно детство ширум светот. Оваа година Џевахир Холдинг ја поддржа целта на светската кампања на оваа организација, осветлувајќи ги круните на Џевахир Скај Сити зградите, во сина боја.

„За нас, најмладите се центарот на светот. Со осветлувањето на круните на нашите згради во препознатливата сина боја, сакаме да придонесеме да се слушне гласот на децата, да мотивираме нивна поголема заштитаи создавање услови каде тие би го исполниле својот потенцијал, но најмногу од сѐ да им покажеме дека заслужуваат среќно, безгрижно и здраво детство” – изјавија од Џевахир Холдинг.

Џевахир Холдинг e позитивен пример за општествено одговорна компанија, а на овој начин уште еднаш ја потврди својата корпоративна определба и овозможи силната порака на УНИЦЕФ да биде што е можно повидлива.

Годинешниот Светски ден на децата е особено значаен поради тоа што одбележува јубилеј од 30 години од Конвенцијата за Правата на децата – 30 години УНИЦЕФ ги трансформира животите на најмладите ширум светот.

Во исто време Конвенцијата претставува и потсетник дека уште многу треба да се направи за сегашните и идните генерации. Доколку правата на децата се кршат, последиците влијаат на сите, како по животот на децата, така и за развој на заедниците и општествата во целина.

#WorldChildrensDay


Можеби ќе ве интересира

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Н.Д. ОД ТЕТОВО ГО ОСВОИ НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ

Н.Д. ОД ТЕТОВО ГО ОСВОИ НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ

Бимилк го прослави светскиот ден на семејството: НТЦ семинар за вработените и стручните лица од образовните институции со д-р Ранко Рајовиќ

Бимилк го прослави светскиот ден на семејството: НТЦ семинар за вработените и стручните лица од образовните институции со д-р Ранко Рајовиќ

„Макпетрол“: Со позитивна енергија во Градски Парк да застанеме на патот на врсничкото насилство

„Макпетрол“: Со позитивна енергија во Градски Парк да застанеме на патот на врсничкото насилство

„Алкалоид“ со две признанија за придонес во безбедноста и здравјето на своите вработени

„Алкалоид“ со две признанија за придонес во безбедноста и здравјето на своите вработени