ЏИХАДИСТИТЕ ИЗВРШИЈА НАПАД: Која беше целта за отстрел?
Објавено во: Свет 15 Мај, 2019
Џихадистите убија најмалку 17 војници во Нигерија.
Oва се случи во близина на границата со Мали, а уште 11 војници се исчезнати. Нападот се случил во близина на градот Тонго Тонго, каде што припадници на Исламска Држава убија четири припадници на американските специјални сили и четворица војници од Нигерија во заседа во октомври 2017 година.
Џихадистите, вклучувајќи ги и членовите на Ал Каеда и Исламската држава, ги зачестија нападите врз воените и цивилните цели во регионот Сахел во Западна Африка годинава, посебно долж границата меѓу Нигер, Мали и Буркина Фасо.
Во истиот град екстремисти од огранокот на ИСИС убија четворица припадници на американските специјални сили и четворица нигериски војници во октомври 2017 година.