Џорџ Сорос: Доналд Трамп ќе пропадне
Објавено во: Свет 20 Јануари, 2017
Милијардерот Џорџ Сорос изјави дека новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп е „кандидат-диктатор“, кој ќе пропадне.
Тој додаде дека Трамп се „подготвува за трговска војна, која ќе има огромни ефекти врз Европа и други делови на светот“, пренесе AFP.
„Самиот кандидат-диктатор не очекуваше да победи на изборите - тој беше изненаден“, изјави финансиерот роден во Унгарија . „Лично јас сум уверен дека Трамп ќе пропадне, бидејќи неговите идеи, она што го води си противречат“, додаде тој.
Сорос го предвиде поразот на „позитивното влијание на САД во светот во полза на отвореното општество“, кое ќе „има огромен ефект врз Европа и други делови на светот“.
Сорос, кој ја поддржуваше Хилари Клинтон за време на изборите во САД, изгубил речиси една милијарда долари поради изненадната победа на Трамп.