17 Мај, 2024
0.0301

ЕДЕН ДЕН ПО ЕВРООБВРЗНИЦАТА ОД 600 МИЛИОНИ ЕВРА, ВЛАДАТА ИЗДАЛА И ДОМАШНА ОБВРЗНИЦА - еве со која камата и рочност ќе ги враќаме парите

Објавено во: Финансии 12 Февруари, 2023

Добивај вести на Viber

Еден ден откако ја изаде еврообврзницата од 600 милиони евра, од Владата издале и 15 годишна државна обврзница, на сума од 14 милиони евра.

Таа домашна државна обврзница од утре ќе почне да котира на Македонската берза. 

За тоа берзата ја извести инвеститорската јавност.

Станува збор за државни обврзници  без девизна клаузула, со вредност на емисијата од близу 872 милиони денари  и со датум на достасување во февруари 2038 година. 

Она што е битно за оваа државна обврзница, со која земјава се задолжува кај домашните кредитори, е дека нејзината годишна каматна стапка ќе изнесува 5,6 отсто. 
Оваа камата дадена од државата за зајмењето дома е малку пониска од онаа што земјава ќе ја плати за четиригодишната еврообврзница што минатата недела ја издаде на меѓународниот пазар, од 6,25 отсто. 

Како што веќе пишувавме, Министерството за финансии на 8 февруари ја издаде најновата, деветта по ред еврообврзница на меѓународниот пазар, тешка 600 милиони евра. Со оглед на скапите пари поради инфлацијата кои владејат на светските пазари, за неа ќе платиме камата од 6,25 отсто, која е втора по својата висина по онаа од над 9 отсто, платена за еврообврзницата издадена во 2009 година, кога владееше големата светска економска криза.

Ова следува откако Владата на 6 месецов донесе одлука да издаде ваква должничка хартија од вредност, утврдувајќи како максимален износ на позајмување 800 милиони евра, што вообичано досега бил и износот на кој се издава еврообврзницта, но овој пат се обезбедија за 200 милиони евра помалку, односно 600 милиони евра.

Според чуварот на државната каса, Фатмир Бесими, пристапот бил во услови на скапи финансиски пазари, да не се изврши задолжување за целиот одобрен износ до 800 милиони евра, туку само за износот за враќање на старите долгови. Рочноста на новата еврообврзница е само четири години, при што, потенцираат од Финнсии, интенцијата е да се оди со пократок период на отплата, наместо вообичаениот од седум години, за да се намали годишниот буџетски трошок за каматни плаќања.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

БАНКАРСКА ЕКСКЛУЗИВА: СЛОВЕНЕЧКАТА НЛБ ПЛАНИРА ДА ЈА ПРЕЗЕМЕ АВСТРИСКАТА АДИКО БАНКА - таа е моќна во регионот, еве што би добиле Словенците

БАНКАРСКА ЕКСКЛУЗИВА: СЛОВЕНЕЧКАТА НЛБ ПЛАНИРА ДА ЈА ПРЕЗЕМЕ АВСТРИСКАТА АДИКО БАНКА - таа е моќна во регионот, еве што би добиле Словенците

„МРТВА ТРКА“ МЕЃУ ЕДНА БАНКА И ЕДЕН ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ГИГАНТ - кој колку „тежи“ на домашната бизнис сцена

„МРТВА ТРКА“ МЕЃУ ЕДНА БАНКА И ЕДЕН ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ГИГАНТ - кој колку „тежи“ на домашната бизнис сцена

ВРЕДАТ НЕВЕРОЈАТНИ 43 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ И ПРОДАВААТ 35 ВИДОВИ БОНБОНИ: Ја создадоа Нутела, а никој никогаш не ги видел нивните погони

ВРЕДАТ НЕВЕРОЈАТНИ 43 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ И ПРОДАВААТ 35 ВИДОВИ БОНБОНИ: Ја создадоа Нутела, а никој никогаш не ги видел нивните погони

НАД ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА НЕ ЧИНЕЛО ЛЕКУВАЊЕТО ВО СТРАНСТВО – еве каде најчесто се упатуваат пациентите за кои нема лек дома

НАД ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА НЕ ЧИНЕЛО ЛЕКУВАЊЕТО ВО СТРАНСТВО – еве каде најчесто се упатуваат пациентите за кои нема лек дома

СКАПИ ВИ СЕ ТАКСИ УСЛУГИТЕ? Еве колку плаќаме кај нас а колку во светот

СКАПИ ВИ СЕ ТАКСИ УСЛУГИТЕ? Еве колку плаќаме кај нас а колку во светот

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници