Еден месец протести против „Тиранска платформа“
Објавено во: Македонија 30 Март, 2017
Речиси еден месец граѓанската иницијатива протестира против таканаречената „Тиранска платформа“.
Вчера „За заедничка Македонија“ протестираше во повеќе градови поради формирање на влада формирана од СДСМ и прифатена Албанска платформа.
Поддржувачите велат дека ќе бидат на улиците се додека не се исполнат нивните барања односно опозицискиот лидер не се откаже од платформата.
Вчера по повод тиранската платформа се јави иГенералниот директор за политички прашања при Министерството за надворешни работи на Албанија, Ферит Хоџа.
Тој запрашан за наводната интервенција на Тирана во платформата на албанските партии во Македонија, изјавил дека „не постои тиранска платформа“.