29 Април, 2024
0.0272

ЕДЕН ПОИНАКОВ ПОГЛЕД НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

ЕДЕН ПОГЛЕД – ЦЕЛА СЛИКА

Објавено во: Економија 14 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Среда, 11.11.2020 година, 8:15 часот. Точно  уште  465 дена до 100-годишнината од коморскиот систем во нашата земја. Уште еден обичен ден во време на пандемијата со КОВИД 19. Влегувам во деловниот објект на Стопанската комора на Македонија, најстарата, најзначајна и најбројна бизнис-асоцијација, каде што влегувале бизнисмени од 1960 година до денес, наречена зграда на бизнисот „Димитар Чуповски“ бр. 13. Надворешниот изглед на деловниот објект укажува на долгогодишното работење на Стопанската комора на Македонија. Ако некој објект постои толку долго, значи дека за тоа мора да има суштинска потреба. На влезот во објектот од десната страна се наоѓа Бизнис-канцеларијата, во која се издаваат документи за надворешно-трговско работење: сертификати за потеклото (сертификат за преференцијален третман на стоката и сертификат за потеклото на стоката) и АТА-карнет (меѓународен царински документ кој се користи за поедноставување на привремениот увоз во странска земја). Зад бирото, задлабочен во проверка на документите, колегата Игор Тасевски за кратко ја крева главата и поздравува. Во ходникот на растојание од 1,5 метри стојат две лица, кои чекаат да ги подигнат своите документи. Другите двајца колеги, Миле Стојчевски и Елида Силјаноска, денес, поради Одлуката на Владата на РСМ за превенција од заразата со КОВИД 19, работат од дома.  

Веднаш до Бизнис-канцеларијата се наоѓа портирницата. Колешката Јасмина Зафировска нема да ве пушти да продолжите во вашите простории или во деловниот објект сѐ додека не ви ја измери температурата за да се осигури дека со вас е сѐ во ред. Се качувам на првиот кат. Некаде на крајот на ходникот, од левата страна, е сместена работната просторија на колегата Стево Серафимов. Тропам на вратата, но нема никаков одговор. Во телефонски разговор добив известување дека е на пат кон хотелот „Александар Палас“ за да ја подготви опремата за работната средба на министерот за земјоделство со компаниите од секторот, која ја организира Стопанската комора на Македонија.

На третиот кат во деловниот објект ме пречекува насмевката на колешката Ана Стерјова, која ја менува колешката Белинда Миновска на секретарското место. Истовремено работи на две работни задачи: правничките работи и организациските работи. На крајот на ходникот, од левата страна, колегите Михајло Донев и Анита Рафајловска подготвуваат план за идните обуки и семинари што ги организира Центарот за едукација, првенствено за своите членки, но и за другите. Членките мора навремено да бидат информирани за сите законски измени што се прават и теми од областа на нивното работење, како и унапредување на знаењата и на вештините за нивното работење. Листата на членките е голема, но не смее ниту една да се заборави. Тоа е задачата на Комората – да се грижи за своите членки. Изборот на предавачи е на највисоко ниво, но и целата организација на обуките и на семинарите. Почитувајќи ги препораките на Владата за превенција од пандемијата со КОВИД 19, реализацијата на обуките и на семинарите е виртуелна, со примена на најсовремена технологија.

Тропам на вратата од канцеларијата на оперативната директорка Анета Трајковска, која се наоѓа веднаш до канцеларијата на Центарот за едукација. Внатре ја гледам, задлабочена во фактурите, колешката Анита Ивановска. Заради превенција од вирусот КОВИД 19 и почитување на Одлуката на Владата, оперативната директорка ѝ ја отстапила канцеларијата на колешката за да нема групирање на повеќе од едно лице во работните простории. Ја прашувам за работата. „И покрај состојбата со пандемијата, интензитетот на работа е ист“, ми вели таа. Во соседната канцеларија е сместена колешката Јасминка Јовановска, задолжена за сметководствените работи. Таа најрано пристига во Комората, дури и пред почеток на работното време, и до 9 часот речиси половина од работата ѝ е завршена.

Во ходникот ја среќавам извршната директорка Билјана Пеева-Ѓуриќ. Се упатува на четврти кат, во салата 53, да присуствува на виртуелната панел-дискусија, заедно со директорката на здруженијата Татјана Штерјова-Душковска. Панел-дискусијата ја иницираше Стопанската комора на Македонија по објавените заклучоци од Владата на Република Северна Македонија за прифатената иницијатива недела да биде прогласен за неработен ден, со цел да даде придонес кон сеопфатно согледување на состојбите во сите сектори и дејности, соодветно нормирање на прашањето, како и креирање регулатива која ќе биде применлива и која ќе одговара на потребите и на можностите на македонското стопанство. На панел-дискусијата учествуваа стопанственици, претставници на различни сектори и дејности од индустријата, градежништвото, услугите и од трговијата, кои дискутираа со Фатмир Битиќи, заменик-претседател на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, за координација со економските ресори и за инвестиции, и со Јагода Шахпаска, министер за труд и социјална политика во Владата на Република Северна Македонија.

Тропам на вратата на некои колеги, но не слушам никаков одговор. Во меѓувреме на телефонот ми пристигнува електронска порака, во која колегата Сашо Деспотоски, кој работи од дома, ни го доставува прегледот на економските статии со најнови информации, ставови, решенија. Во моментов, поради Одлуката на Владата на РСМ за превенција од ширење на заразата со вирусот КОВИД 19, 20 колеги ротираат со работа од дома и со физичко присуство во работните простории на секои три дена. Другите 31 колега работат само од дома. Бездруго, работата и натаму тече вообичаено, точно навреме, иако се работи од дома.

Им ѕвонам на телефон на колегите од регионалните комори во Прилеп, Битола, Штип, Кичево, Струмица и во Кавадарци. Колегата од Прилеп го крева телефонот и ме известува дека ќе ме побара за кратко бидејќи во моментот кај него се наоѓа странка која бара сертификат за потеклото. „Услугата на странките пред сè“ е мотото на Комората. Колешката од Кичево ме прашува дали сум ја добила анализата што ја изработила за потребите од занимања за компаниите од тој регион.

На четвртиот кат се сместени колегите одговорни за 19 здруженија, 10 асоцијации и за 39 групации, кои се во рамките на Стопанската комора на Македонија. Од десната страна на крајот на ходникот од деловниот објект се наоѓа работната просторија на колегата Васко Ристовски, координатор на Здружението за земјоделство и прехранбена индустрија. Тој ден колегата во хотелот ,,Александар Палас“ ја организираше работната средба со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа, со претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески и со компаниите од тој сектор на тема „Актуелни состојби и идни насоки за унапредување на земјоделско-прехранбениот сектор во Република Северна Македонија“, со цел развој на домашното земјоделство, поставување идни насоки за негов развој, со целосно приспособување на секторот кон зголемените очекувања на потрошувачите, и поврзаност на земјоделско-прехранбениот сектор со секторот угостителство и туризам, особено преку руралниот туризам, кој беше најпогоден од глобалната здравствено-економска криза предизвикана од вирусот КОВИД 19. Стопанската комора на Македонија, како најголема бизнис-асоцијација, која секојдневно се грижи за своите членки, е местото каде што, особено во ваква здравствено-економска криза, нуди иницијативи и излезни решенија, особено за овие два сектора, кои во постковид-периодот може да бидат основа за економски раст и за развој на земјата.

Со колегата Васко Ристовски, во организацијата тој ден беа и колешките Даниела Михајловска, координатор на Здружението за угостителство и за туризам, и Сања Николовска како лице задолжено за протокол.

Во холот на деловниот објект го забележав колегата Марјан Маневски, кој обезбедуваше техничка поддршка за колегата Перо Авакумовски за виртуелната седница со Групацијата за обновливи извори на енергија,  втора по ред во рок од две недели, на тема „Решавање на проблемите на малите хидроелектрани со еколошките здруженијата.“

По краткиот одмор од обиколката на деловниот објект на СКМ, пребарувам по веб-страницата на Комората. Веб-страницата изобилува со најнови информации, решенија, ставови; веб-страницата секојдневно се полни со информации кои ја покажуваат посветеноста на одговорното лице, потпретседателката Јелисавета Георгиева-Јовеска, и на колегите за да ги информираат своите членки за своите активности, состојби, решенија, новости и сл. Истовремено, компаниите, наши членки, ги информираме и преку прегледот на економските статии со најнови информации, ставови, решенија, кој секојдневно се доставува на нивниот службен меил.

Заклучок: Работата во Стопанската комора на Македонија се одвива со ист, а можеби и со зголемен интензитет како и пред пандемијата со КОВИД 19, иако начинот на работење, во согласност со одлуките на Владата на РСМ за превенција на заразата од КОВИД 19, во целост се измени. Состаноците со физички контакт се заменија со виртуелни состаноци, а работењето од дома не претставува пречка за навремено функционирање и за реализирање на работните обврски, затоа што вработените успешно се приспособуваат да функционираат на сите промени, во интерес на реализирање на услугите за своите членки.

Во следното продолжение од разговорите со вработените ќе ги опишеме предизвиците со кои се соочуваат во своето работење за време на пандемијата со КОВИД 19.

м-р Наташа Јаневска
самостоен советник во Стопанска комора на Македонија

Можеби ќе ве интересира

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

НЕ Е МАРАТОНЕЦ, НО ТРЧА СО БРЗИНА ОД 6 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС - Тиангонг е хуманоиден робот кој се движи како ниеден досега

НЕ Е МАРАТОНЕЦ, НО ТРЧА СО БРЗИНА ОД 6 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС - Тиангонг е хуманоиден робот кој се движи како ниеден досега

КОЈА ФАБРИКА ЗА ЧОКОЛАДИ „НАБИЛДА“ ДОБИВКА ОД 240 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ - еве кои се причините

КОЈА ФАБРИКА ЗА ЧОКОЛАДИ „НАБИЛДА“ ДОБИВКА ОД 240 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ - еве кои се причините

ЗА ЈАХТИ, ХАЦИЕНДИ И СКАПИ КОЛИ ЌЕ СЕ ПЛАЌА ПОСЕБЕН ДАНОК, ЗА ПЛАТИ НАД 7.700 ЕВРА 40 ОТСТО ПЕРСОНАЛЕЦ - еве какви решенија нуди Левица

ЗА ЈАХТИ, ХАЦИЕНДИ И СКАПИ КОЛИ ЌЕ СЕ ПЛАЌА ПОСЕБЕН ДАНОК, ЗА ПЛАТИ НАД 7.700 ЕВРА 40 ОТСТО ПЕРСОНАЛЕЦ - еве какви решенија нуди Левица

НАЈНОВА СТАТИСТИКА: Србите сѐ помалку бараат работа во странство, младите сѐ повеќе одлучуваат да останат во својата земја

НАЈНОВА СТАТИСТИКА: Србите сѐ помалку бараат работа во странство, младите сѐ повеќе одлучуваат да останат во својата земја

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка