ЕДИ РАМА: Aлбанија нема да остане пред вратата на Европа и да плаче
Објавено во: Балкан 06 Февруари, 2020
Албанскиот премиер, Еди Рама за Франс прес изјави дека Албанија нема да „остане пред вратата на Европа и да плаче“ за таа да се отвори.
Вели дека земјата мора да се фокусира на сопствената иднина, додека Брисел да си ги среди трнливите прашања во врска со процесот на пристапување.
„Не очекувам ништо“, изјави Рама.
Додаде дека Европа страда, и не работи како што треба.
Во ноември лани Македонија и Албанија не добија датум за почеток на преговори со ЕУ.