30 Април, 2024
0.0256

Единствената жена рудар во Србија заработува леб со седум кори

Објавено во: Стил 05 Август, 2016

Добивај вести на Viber

Единствената жена рудар во Србија, Мира Крџиќ од Ушче повеќе од 20 години секој ден слегува во јамите на рудникот Баљевац, а како шеф на смена преводи 40 мажи.

Заработува леб со седум кори, работејќи ја рударската работа, една од најтешките на светот.

Таа објаснува дека неа целиот живот и е врзан со рудници, а и нејзиниот сопруг Божидар бил рудар и веќе две години е во пензија.

„Без оглед на тоа што работев три смени, во темница во рударските јами, и покрај сите домашни куќни обврски, секогаш сакав да изгледам убаво и уредно. Оние кои прв пат ме гледаа не веруваа дека сум рудар. Еден лекар мислеше дека се шегувам и дека сум секретарка во некоја фирма“ - вели Крџиќ.

Таа додава дека во текот на работата имало тешки моменти, но  не се откажала за разлика од многу мажи кои сметале дека оваа работа е претешка за нив.

rudarka2_Beta-340x292

„Сама се изборив за работна рамноправност за која многу се говори. Верувам дека тоа секоја жена може да го направи ако верува во себе. Многу сакав да бидам рудар и бев пресреќна кога тоа ми го дозволија“ - објаснува оваа жена.

Крџиќ завршила средна Рударско - техничка школа, и од 30 години работен стаж, само една година била ангажирана во администрација. Остатокот од работниот век го поминала во рударските јами.