02 Мај, 2024
0.0257

Единствениот лек за мамурлак е да не пиете алкохол

Објавено во: Стил 04 Септември, 2015

Добивај вести на Viber

Истражувањата покажуваат дека нема лек со кој можи да се избегне утринскиот мамурлак. Тешка храна и многу вода нема да помогнат по големите пијанства да се излечи мамурлакот следното утро, покажува студијата на хрватски истражувачи.

Единствен начин да се делува на мамурлакот е помалку да се пие.

Научниците испитувале 800 студенти и следеле како се одвива нивната борба со мамурлакот. Дел од студентите јаделе е по алкохолот и обилен појадок со надеж дека ќе ја намалат главоболката и вртоглавицата. Други пиеле вода и пред одење во кревет и по станувањето. Но, ниедна од групите немале поголеми разлики во тежината на главоболките.

– Водата ќе помогне да ја задоволи жедта, но нема ја излечи мачнината и главоболките, вели професор Јорис Верстер од универзитетот во Утрехт.

Истражувачите тврдат дека нема лек за мамурлакот освен да ја намалите количината на алкохол. Тие се уште не ја знаат ни причината што го предизвикува мамурлакот.