26 Април, 2024
0.0613

ЕДНА ГОДИНА ПОДОЦНА: Делумна блокада на американската влада, се готват големи протести против Трамп

Објавено во: Свет 20 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

Една година по стапување на функцијата претседател на САД на Доналд Трамп, Американците планираат големи протести за денес .

На 20 јануари 2017 година Трамп официјално стана 45-тиот американски претседател. 

Тензијата ескалираше во раните денови на Трамп во Белата куќа. Илјадници луѓе протестираа против новиот претседател.

Америка никогаш не била по драматично поделена како што е оваа година.

Во изминатите 12 месеци, Трамп е во центарот на голем број скандали. Ова имаше многу негативно влијание врз неговиот рејтинг. Статистичките податоци покажуваат дека тој има рекордно ниска поддршка.

Во споредба со неговите претходници Барак Обама и Џорџ Буш Џуниор, неговата прва година во Белата куќа изгледа како вистински кошмар. Сепак, многу експерти предвидуваат дека неговите шанси за освојување на втор мандат се многу високи.

Делумна блокада на американската влада

Делумно затворање на американските федерални служби стапи на сила по неуспешниот обид републиканците и демократите во Сенатот да постигнат компромис за буџетот.

Претставничкиот дом на Конгресот го изгласа законот со кој се продолжува финансирањето на буџетот до 16 февруари, но Сенатот вчера не го потврди и покрај интензивните преговори меѓу републиканците и демократите и интервенцијата на Трамп.

Затворање на некои сојузни агенции стапи на силна на полноќ, но не е можно да се предвиди колку ќе трае.

Во пресрет на гласањето во Сенатот за Законот за финансирање на владата, за кој било потребни 60 гласови, Трамп напиша на Твитер дека „работите изгледаат лошо“.

Можеби ќе ве интересира

ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА: Руската полиција уапси уште еден Таџикистанец

ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА: Руската полиција уапси уште еден Таџикистанец

ПОЧИНА БЕБЕТО КОЕ ЛЕКАРИТЕ ВО ГАЗА ГО ИЗВАДИЈА ОД УТРОБАТА НА УБИЕНАТА МАЈКА: По неколку дена се јавиле сериозни здравствени проблеми

ПОЧИНА БЕБЕТО КОЕ ЛЕКАРИТЕ ВО ГАЗА ГО ИЗВАДИЈА ОД УТРОБАТА НА УБИЕНАТА МАЈКА: По неколку дена се јавиле сериозни здравствени проблеми

ПИШУВАЛА АНТИВОЕНИ ГРАФИТИ: Руска тинејџерка е осудена на 3.5 години затвор

ПИШУВАЛА АНТИВОЕНИ ГРАФИТИ: Руска тинејџерка е осудена на 3.5 години затвор

Ќе бидат потребни 14 години да се отстранат урнатините во Појасот Газа, вели официјален претставник на ОН

Ќе бидат потребни 14 години да се отстранат урнатините во Појасот Газа, вели официјален претставник на ОН

КИНА И САД ТРЕБА ДА БИДАТ ПАРТНЕРИ, НЕ РИВАЛИ: Кси Џинпинг го пречека Блинкен

КИНА И САД ТРЕБА ДА БИДАТ ПАРТНЕРИ, НЕ РИВАЛИ: Кси Џинпинг го пречека Блинкен

„КРАЛОТ ЧАРЛС Е ВО МНОГУ ПОЛОША СОСТОЈБА ОТКОЛКУ ШТО СЕ ПРИКАЖУВА ВО ЈАВНОСТА“: Погребот активно се планира

„КРАЛОТ ЧАРЛС Е ВО МНОГУ ПОЛОША СОСТОЈБА ОТКОЛКУ ШТО СЕ ПРИКАЖУВА ВО ЈАВНОСТА“: Погребот активно се планира

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни