26 Април, 2024
0.0290

ЕК предложи воведување на заедничка консолидирана основа за корпоративно оданочување

Објавено во: Економија 25 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Европската комисија (ЕК) предлага воведување на заедничка консолидирана основа за оданочување со данок во Европската унија (ЕУ), објавија од прес-центарот на Комисијата.

Новиот систем за оданочување ќе биде задолжителен за мултинационалните компании кои имаат поголема можност за агресивно даночно планирање со цел намалување на сметката за даноци, посочуваат од ЕК. Така компаниите чии приходи на глобално ниво надминуваат 750 милиони евра годишно, ќе бидат оданочувани со даноци таму каде всушност реализираат профит.

Вкупната консолидирана основа за оданочување со данок воспоставува единствен сет на правила за да се утврди даночната добивка на компаниите во целата ЕУ, нагласуваат од ЕК. Ќе се поднесува и единствена даночна декларација за сите активности на компаниите во рамките на ЕУ.

Новиот систем ќе ги промовира компаниите да ги финансираат своите активности со сопствен капитал и како користат можностите на пазарите, наместо до прибегнуваат кон долгови, посочуваат уште од Комисијата.

Сепак во рамките на националниот суверенитет останува дефинирање на стапката на корпоративниот данок.

Друштвата освен тоа ќе можат да ги надоместат загубите во една земја членка со профит во друга. Даночни пречки, како двојното оданочување, ќе бидат отстранети, ветуваат од ЕК. Ќе се отстранат сепак разликите помеѓу националните системи, кои во моментов се користат за агресивно даночното планирање, како и трансфер цените и преференцијалните режими, вклучувајќи и преференцијално оданочување третман на долгот во споредба со капиталот.

Еврокомисијата предлага и подобрен систем за решавање на спорови за двојно оданочување во ЕУ.

Во моментов во ЕУ се водат околу 900 спорови за двојно оданочување во вредност 10,5 милијарди евра. Комисијата предлага сегашните механизми за решавање на споровите да бидат прилагодени да одговараат подобро на потребите на претпријатијата. Предвидено е да бидат опфатени поширок круг случаи, а на земјите членки ќе бидат поставени јасни рокови да се договорат за обврзувачка одлука во врска со двојно оданочување.

ЕК нуди и нови мерки против недоследности во при хибридни формации и инструменти во даночните системи на земјите членки и на земјите надвор од ЕУ, кои исто така се користат со цел избегнување на даноци.

Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија