Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје на терен по вчерашниот засилен ветер проследен со врнежи на дожд
Објавено во: Мои пари 05 Февруари, 2020
По вчерашниот засилен ветер проследен со врнежи на дожд кој го зафати градот Скопје, од раните утрински часови екипите ЈП Водовод и канализација - Скопје започнаа со активности за расчистување и непречено функционирање на атмосферската канализационата мрежа.
Екипите на претпријатието вршат расчистување и проверка на функционалноста на сливниците и шахтите во сите општини на територија на град Скопје.