26 Април, 2024
0.0342

Еколошка „бомба” во Тетово, каде лежи решението?!

Објавено во: Македонија 23 Август, 2017

Добивај вести на Viber

Дислокацијата на депонијата од Тетово која со години е рак рана за локалните жители и околината не смее да стане нов проблем, само на друго место.  Мораме да  вршиме политички притисок над властите, локалните и централните,  за решавање на проблемите од животната средина, а истовремено и за почитување на законите и Уставот во врска со ова прашање. Ќе продолжиме да вршиме притисок, ќе го надгледуваме целиот процес на дислокација да се осигураме дека целиот отпад ке заврши каде што припаѓа, на некоја депонија која ги исполнува условите и стандардите, а не да се предизвикува некој проблем во некое друго населено место- вели за Фактор, Арианит Џафери, претседател на невладината организација „Еко Герила“ и активист во протестите против загадувањето на воздухот во Тетово.

Животот во градот во полошката котлина вели станува неподнослив особено поради силната реа која се чувствува од самиот влез во градот па се до околните места. Граѓаните се децидни дека мора да има итно и трајно решение.

“Во врска со дивата депонија во Тетово очекуваме дека овој пат конечно ќе се реши и дека истата ке биде целосно дислоцирана од влезот на градот, и ќе биде испратена на адекватно место, поради тоа што пожарот кој се случи во саботата беше многу јасен сигнал дека депонијата претставува голем предизвик и ризик за животот на граѓаните на Тетово. За нас прифатливо решение е овој отпад кој го загадуваше Тетово сите овие години да се депонира во депонија која ги исполнува стандардите предвидени со закон, а не да завршува низ полиња или да загадува некое друго населено место”- вели Џафери од “Еко Герила”-Тетово.

Последиците од загадениот воздух според него ќе се чувствуваат уште  долго. Секое утро вели граѓаните се будат  со неподнослива миризба која со денови се шири низ градот.Бараат одговорност од локалната и централната власт.

“Загадувањето на воздухот се покачи многу во време на викендот, поради пожарот. Денеска квалитетот на воздухот е многу подобар. Мерењата на МЖСПП покажуваат 16 микрограми ПМ10 честички и 5 микрограми ПМ2.5 честички. Од затварањето на Југохром во Ноември 2016 година па наваму загадувањето на воздухот во Тетово се намали до 60%. Сигурно дека во зимско време се очекува покачување поради грејната сезона, и поради тоа што Тетово нема мрежа за користење на природниот газ за затоплување.  Според изјавите на некои лекари кои сме ги контактирале, последиците од пожарот каде изгоре голема количина опасен отпад сеуште не се знаат и не е можно да се пресметат точно, но и тие стравуваат дека последиците ќе се појаваат во меѓувреме, и дека здравјето на граѓаните на Тетово одново ќе претрпи големи проблеми”- додава  граѓанскиот активист Арианит Џафери.

Решенија  според него има, само треба да постои политичка волја да се реши проблемот. Еколошката организација “Еко Герила”  како што вели не сака веќе преговори и договори туку директни решенија кои ќе го решат трајно проблемот и ќе го лоцираат виновникот.

“Еко Герила нема испратено барање до општинските власти за да поразговара за овие проблеми и нема намера да го направи тоа. Не веруваме дека било какви преговори ке помогнат во решавањето на проблемот. Сме си помуабетиле доволно пред две-три години и ништо не произлезе од тоа. Проблемот се знае, решението исто така, останува на властите да се фатат за работа и да ги решаваат овие проблеми на граѓаните на Тетово, но и пошироко низ целата држава”- потенцира Џафери.

Жителите на Тетово неколку дена  протестираа пред локалната самоуправа поради нерешениот проблем со дивата депонија. За надминување на проблемот со депонијата, помош најавија државните власти. Од Владата велат дека е избрана компанија која ќе работи на дислокација на комуналниот смет. Се предвидува отпадот да се пренесе на депониите Дрисла и Русино. 

С.Б.

Можеби ќе ве интересира

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

„АРТАН, ТЕРАПИЈАТА ТИ ЈА ПРЕПИШУВА Д-Р АРБЕН, ЌЕ ЈА ПРИМИШ НА 8 МАЈ“: Ганиу му се обрати на Груби

„АРТАН, ТЕРАПИЈАТА ТИ ЈА ПРЕПИШУВА Д-Р АРБЕН, ЌЕ ЈА ПРИМИШ НА 8 МАЈ“: Ганиу му се обрати на Груби

СЛАВЧО ПОПОСКИ ВЕЛИ ВИКЕНДОВ МОЖЕ ДА СЕ ПРАВИ СКАРА: Температурите ќе растат, во недела до 27 степени

СЛАВЧО ПОПОСКИ ВЕЛИ ВИКЕНДОВ МОЖЕ ДА СЕ ПРАВИ СКАРА: Температурите ќе растат, во недела до 27 степени

„СОНЦЕТО ИЗГРЕА И Е УБАВ ДЕН ЗА ТУЖЕЊЕ“: Адвокатот Јанаки ќе го тужи Горан Костовски од Левица

„СОНЦЕТО ИЗГРЕА И Е УБАВ ДЕН ЗА ТУЖЕЊЕ“: Адвокатот Јанаки ќе го тужи Горан Костовски од Левица

ПОЧИНА ЕДЕН ОД ОМИЛЕНИТЕ ПРОФЕСОРИ НА МАКЕДОНСКИТЕ АКТЕРИ ШТО СТУДИРАЛЕ ВО СОФИЈА, АЛЕКСАНДАР ИЛИЕВ: „За сите кои бевме дојдени од странство се грижеше како за свои деца“

ПОЧИНА ЕДЕН ОД ОМИЛЕНИТЕ ПРОФЕСОРИ НА МАКЕДОНСКИТЕ АКТЕРИ ШТО СТУДИРАЛЕ ВО СОФИЈА, АЛЕКСАНДАР ИЛИЕВ: „За сите кои бевме дојдени од странство се грижеше како за свои деца“

„ЗА РАЗЛИКА ОД МЕНЕ, ТИЕ ПРЕД ОЧИТЕ НА ЦЕЛА МАКЕДОНСКА ЈАВНОСТ ИЗЛЕГОА ВО АЛКОХОЛИЗИРАНА СОСТОЈБА“:Јакимовски му возврати на Муцунски за малиот број гласови на Стевчо

„ЗА РАЗЛИКА ОД МЕНЕ, ТИЕ ПРЕД ОЧИТЕ НА ЦЕЛА МАКЕДОНСКА ЈАВНОСТ ИЗЛЕГОА ВО АЛКОХОЛИЗИРАНА СОСТОЈБА“:Јакимовски му возврати на Муцунски за малиот број гласови на Стевчо