27 Април, 2024
0.0259

Економијата слаба, берзите растат

Објавено во: Анализа 13 Мај, 2013

Добивај вести на Viber

Сеуште ги нема мечките на западните берзи. Повеќе наликуваат на глувци кои се кријат по дупки и се плашат да излезат, бидејќи биковите се сеуште силно забрефтани. Полни шест месеци трае силниот раст и нема ни трага ни глас од корекција на пазарите. Четири месеци сме во новата година, макроподатоците делуваат климаво, но се чини дека на никого не му е гајле за тоа. Напротив, берзите продолжуваат да достигнуваат рекордни врвови. Кога се случуваат екстремни работи на берзата, можни се две сценарија. Едното е дека ситуацијата може да стане уште поекстремна (во случајот цените да продолжат да растат), второто е да дојде до таа долгоочекувана корекција. Истражувањето на Банката на Америка ги бара причините зошто ситуацијата е таква каква што е. Еве ги причините и објаснувањата за тоа: -Факт е дека има забавување на растот, но тоа не е премногу страшно. Фактите говорат дека иако САД расте споро, сепак не стагнира. Значи ситуацијата не е така црна како што се предвидуваше дека ќе биде. Или поточно кажано нема на повидок нагло дигање на рачната на растот. Ова важи и за Кина која е мотор на растот во светот, а и Европа има најголем проблем со периферијата додека најсилните економии некако успеваат да блефираат со рецесијата. Значи доколку очекувате многу лоши резултати, а тие всушност се малку лоши, нето ефектот е позитивен -Второ, малку лошите вести се добри вести од причина што нема опасност ФЕД да се повлече од политиката на ефтини пари. Што би рекло каматите нема да пораснат. Ова е малку апсурдно, со оглед на тоа дека во нормални услови ФЕДот би требало да ги зголеми каматите кога ќе види дека работите одат во вистински правец. Сепак сите како да сакаат ситуацијата да остане ни ваму ни таму и оваа политика да продолжи и во иднина. Што би рекло овој макро статус кво го посакуваат биковите. -Европа успева да затвори повеќе дупки отколку што и се отвараат (иако таа е најпроблематична во целата приказна). Италија формира влада, Европската комисја дава повеќе време државите да ги средат дефицитите, Грција продолжува со реформите и покрај притисоците и Кипарскиот парламент ги одобри предлозите на тројката и ќе добие помош. Берзата сепак си има свои начини на фукционирање, кои никој не ги одгатнал во потполност. Она што денеска им оди во прилог на биковите, утре може да им оди на мечките. Редакција Фактор