ЕКОНОМИЈАТА ВО ЕВРОПА ПРЕД ГОЛЕМА РЕЦЕСИЈА: БДП ќе падне за 7,7 проценти
Објавено во: Економија 07 Мај, 2020
Пред историска рецесија
е европската економија, посочува Европската Комисија. Ова е прво предвидување
на Комисијата по воведувањето на мерките за спречување на ширењето на
пандемијата на корона вирусот. Европската Комисија смета дека рецесијата ќе
биде длабока и различна за поедини земји членки, а кога ќе почне закрепнувањето
е сосема неизвесно.
Според проценките на Комисијара, до крајот на годинава, се очекува пад на БДП во еврозоната за 7,7 отсто, а дури во текот на следната, 2021 година ќе има зголемување за 6,3 отсто.
Според наводите на словенечката агенција СТА, пандемијата на коронавирусот е огромен шок за глобалната и европската економија, со многу сериозни социо-економски последици. Најголем пад на БДП се предвидува во неколку земји членки на Европската Унија: во Грција – 9,7 проценти, Италија – 9,5 проценти и Шпанија – 9,4 проценти. Најниско намалување ќе има во Луксембург – 5,4 проценти, Австрија – 5,5 проценти и Малта – 5,8 проценти.
-Економијата на Европската Унија годинава ќе доживее рецесија од историски размери“, рекоа претставниците на ЕК. Според нив, Европа го доживеала најлошиот економски шок од големата депресија. Закрепнувањето на секој член не зависи само од развојот на пандемијата, туку и од структурата на економијата и од можноста да одговорат на политиките за стабилизација. Со оглед на меѓузависноста на економиите во ЕУ, динамиката на закрепнување во одделни земји членки ќе влијае врз закрепнувањето на другите земји членки, наведува Европската Комисија во своите првични прогнози.