26 Април, 2024
0.0289

Економистите не веруваа во негативните камати, а сега треба повторно да ги препишуваат учебниците

Објавено во: Финансии 24 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Ако сте претставник на банка, оваа идеја би ви звучела лудо. Зошто да му плаќате на некого, за да ви ги чува парите?

Во 1983 година, кога американскиот економист Фредерик Мишкин почнува да го пишува својот учебник по макроекономија „Теорија на парите, банкарството и финансиските пазари“, тој дури и не претпоставува дека ќе биде потребно да оддели во него многу простор на идејата за негативните каматни стапки . Тогаш тие биле прифатени како чудни мисли никулци во главите на академиците, а не како нешто што може да се случи во реалноста.

Триесет години подоцна, во 12-то по ред издание на учебникот Мишкин одвојува многу повеќе простор за размислување за негативните камати.

„Има нешто многу шокантно во тоа. Морам да зборувам за негативните камати како за појава која може да биде исклучително широко распространета“, вели економистот.

Во основа негативните каматни стапки се појавуваат кога еден кредитор му плаќа на некој да позајми пари од него.

Низ годините политиката претрпува големи промени, преминувајќи од радикалната кон идејата за заедничка политика по рецесионните влади во Европа и Азија. Ова се случува затоа што Големата рецесија ги препишува правилата за тоа што може да се случи во иднина и на кој начин би можеле да одговорат банките за време на финансиски кризи. На негативните стапки можат да влијаат речиси сите - компании, банки, сопствениците на имот и секој кој има штедна книшка.

Стариот начин

Централните банки, како оваа на Велика Британија и Федералните резерви на САД, го контролираат готовинскиот тек во земјата и ги одредуваат каматните стапки кои се нудат, кога банка позајмува пари на друга банка, најчесто за да се регулираат задолжителните банкарски резерви.

Во поголемиот дел од минатиот век, економскиот систем работел на следниов принцип:

Работите и заработувате пари. Уплатувате дел од овие пари во банка. Банката зема поголем дел од нив, а останатите ги остава на чување во Федералните резерви. Ако таа има поголем удел во ФЕД, има регулација, која бара од неа да и даде на друга банка која нема доволно за постигнување на задолжителните нивоа на резерви. Ова се нарекува меѓубанкарскиот пазар и негативните каматни стапки се применуваат токму тука - тие се најважните економски показатели во земјата. Сите други каматни стапки се базирани (директно или индиректно) на нив.

Промената на каматните стапки е нешто што Федералните резерви може да го прават, за да стимулира различни работи кои се случуваат со економијата. Ако сакаат на пример да ги поттикнат банките да доделуваат повеќе кредити, каматните стапки се намалуваат, што ги прави хипотекарните кредити и кредитите за автомобил подостапни за корисниците. Ако ФЕД сака да ја забави економијата, таа ја зголемува каматната стапка.

Современата финансиска историја покажува дека инфлацијата е онаа која ги држи банкарите будни ноќе.

„Ако некој ми кажеше дека ќе доживеам момент во кој централните банки ќе се борат за инфлација поголема од 0 или 1%, би му рекол дека живееме во паралелни универзуми“, вели Кенет Рогоф, професор по економија на Харвард.

Пробив во подот

Кога започнува Големата рецесија (2000) централните банки прават се што можат за да го ублажат поразот. Брзо ги намалуваат каматните стапки, што е традиционална стратегија за зајакнување на слободно настанатата економија. На многу места каматата стигна до 0%. Но кога тоа се покажа недоволно, некои централни банки одлучија да применат нестандардни методи за стимулирање на економијата.

А сепак едно нешто сеуште изгледаше малку веројатно - да се достигнат негативни нивоа.

Во учебникот на Мишкин 0% камата е класифицирана како „нулта долна граница“, што значи дека нема како каматата да падне под оваа вредност.

Сега економистите треба да го преименуваат овој концепт.

Кога намалување на каматите до 0% не е доволно, во некои делови од светот (Европа, Јапонија) централните банки го прават незамисливото - почнуваат да ги одредуваат каматните стапки како благо негативни.

Во пракса тоа значи дека банките, кои можат да им дадат на други банки пари на заем, ќе си платат за да им ги заземаат парите.

Досега овој метод е тестиран од сефовите во неколку земји (Шведска, Дани, Швајцарија, Јапонија) со различен степен на успех. Првата беше шведската Riskbank која објави негативни каматни стапки во 2009 година.

За време на својот говор во 2012 година, гувернерот на Европската централна банка Марио Драги изјави дека ЕЦБ ќе направи „се што е потребно“, за да го спаси еврото.

Денес земјите со негативни каматни стапки сочинуваат речиси ¼ од светскиот бруто домашен производ, покажуваат податоците на светската банка.

Дилемата за парите во кеш

Кенет Рогоф го помина целиот пат од оние денови во 70-тите, кога ниту тој, ниту неговите колеги можеа да замислат дека централните банки дури би си дозволиле да размислуваат за слични негативни стапки до денес. Според него деновиве на банките им треба повеќе простор за маневрирање при евентуални идни кризи, што може да значи вредности на најниската негативна камата помеѓу -4% и -5%. Но тоа е речиси невозможно, кога луѓето можат едноставно да ги чуваат парите под душек.

„Ако бидат наметнати големи негативни каматни стапки, кому ќе му е потребно тоа, кога можеме да ги чуваме парите во готово“, вели економистот.

На крајот со движењето на каматните стапки кон негативните вредности, Фредерик Мишкин ќе треба да следи внимателно дали тоа ќе ја стимулира економијата и најверојатно ќе треба да ги ажурира податоците и во своите учебници.

Можеби ќе ве интересира

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈСТАРАТА МАКЕДОНСКА БАНКА СЛАВИ 80 ГОДИНИ, А ИМА И УБАВА ВЕСТ - еве како оствари чист профит поголем од 14 милиони евра

НАЈСТАРАТА МАКЕДОНСКА БАНКА СЛАВИ 80 ГОДИНИ, А ИМА И УБАВА ВЕСТ - еве како оствари чист профит поголем од 14 милиони евра

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната