26 Април, 2024
0.0330

Екс градоначалникот на Василево се товари за злоупотреба на службената положба

Објавено во: Македонија 14 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Поранешниот градоначалник на Василево, Ванчо Стојанов, се товари за злоупотреба на службена положба и овластување затоа што искористил механизација на јавно претпријатие за приватни потреби на трето лице. 

Кривична пријава е поднесена и против директорот на јавното претпријатие,  Л.Н.(44) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“ во врска со  „злоупотреба на службена положба и овластување“.

„Првопријавениот, во својство на градоначалник на општина Василево, на 29.09. годинава, за наводни потреби на општината, побарал од второпријавениот, вработен како в.д. Директор на ЈПКД „Турија“ п.о. Василево наредниот ден (30.09) да биде ангажирана работната машина марка „Хидромек“ во сопственост на ЈПКД „Турија“ со цел да се насипе улица во с. Едрениково и покрај тоа што, на тоа место, според урбанистичкиот план за с.Едрениково не постои улица, односно пат. Второпријавениот на  29.09.2017 година без претходно да потпише налог за користење на службено возило и без да изготви работен налог, му дал задача на Т.П. вработен како багерист во  ЈПКД „Турија“ на 30.09.2017 година, со работната машина марка „Хидромек“ во сопственост на ЈПКД „Турија“ да изврши распостелување и насипување на песок на улица во с. Едрениково, којашто не била опфатена во урбанистичкиот план“- информираат од МВР.

Директорот на јавното претпријатие не изготвил ниту фактура за наплата за извршената работа, со што му овозможил на градоначалникот, за приватни потреби на трето лице, да ја искористи работна машина без да се покријат трошоците.

Можеби ќе ве интересира

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“