27 Април, 2024
0.0280

На еден од најстарите и најпрестижни вински натпревари во Франција

Ексклузивните вина на „Château de Gourdon“ со два златни и еден сребрен медал

Објавено во: Мои пари 10 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

На најреномираниот натпревар за вина од долината на Рона во Франција, три вина произведени во винарницата „Château de Gourdon” освоија високи награди. Белото „Terrasse au Soleil 2018“ и црвеното „Vase de Pierre 2018“ освоија златни, додека црвеното „Jolie Balade 2018“ сребрен медал на годинешниот престижен вински натпревар „Concours des vins d'Orange“, кој се одржува во Оранж, Франција.

Овој значаен успех е постигнат во конкуренција на речиси 2.300 вина. Според пропозициите на натпреварот, вкупно 570 дегустатори ги оценуваат вината исклучиво според вкусот и нивниот квалитет, не знаејќи ги имињата на производителите и на самите вина, што обезбедува неспорна објективност во оценувањето.

„Concours des vins d'Orange“ е најстариот и најреномиран регионален натпревар на вина од долината на реката Рона во јужна Франција. Натпреварот прв пат е одржан во далечната 1952 година, а неговите оценки и препораки се од исклучително значење за настапот на вината од овој регион на европските и на светските вински пазари.

Наградените вина се произведени во француската винарницата „Château de Gourdon“, која од ноември 2018-та е дел од „Tikveš Châteaux & Domainеs“. Овие вина и сите останати од портфолиото на „Château de Gourdon“ им се достапни и на македонските љубители на ексклузивни висококвалитетни вина.


Можеби ќе ве интересира

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“