17 Мај, 2024
0.2134

Експерти откриваат: Ако јадете точно во ова време ќе ги изгубите килограмите!

Објавено во: Стил 27 Октомври, 2015

Добивај вести на Viber

Американски експерти спровеле истражување врз основа на кое дошле до интересни податоци за лицата кои значајно изгубиле килограми.

Освен што во истражувањето следеле што јаделе испитаниците, а што не, посебно внимание посветиле на тоа кога точно јаделе. Експертите според тоа заклучиле дека најдобро време за доручек е околу 7 часот наутро, да се руча препорачуваат помеѓу 12.30 и 13 часот, а да се вечера помеѓу 18 и 18.30ч.

Три четвртини од личностите кои учествувале во ова истражување изјавиле дека во слабееето им помогнало тоа што јаделе полесен доручек, но се почастуваат со меѓуоброк. Ескпертите се сложни дека најкритични часови за оброк се помеѓу 18 и 22 часот кога е најтешко да се издржи без храна. Лицата кои се на диета во тој период доаѓаат во искушение.

Ова истражување всушност ги потврдува и претходните совети на експертите за тоа дали треба обилно да се доручкува , умерно да се руча, а вечер да се прилагоди нивото на глад која не би требало во тоа време да ве доведе во искушение.

Лицата кои држат диета експертите ги советуваат да не ги прескокнуваат оброците. Клучот на слабеење е во редовноста и придржување во правилата.