Екстремно топло на Алјаска
Објавено во: Свет 06 Јули, 2019
Екстремно високи температури се измерени на Алјаска од 32 степени.
Температурата на меѓународниот аеродром во најголемиот град на Алјаска, Енкориџ, се искачи на рекордни 32,22 степени.
Највисоката температура во овој град претходно е измерена на 14 јуни 1969 година и изнесувала 29,44 степени, вели Боб Клеј од Националната метеоролошка служба.
Просечната температура за јули во Енкориџ е 23,89 степени.