02 Мај, 2024
0.0249

Електронските цигари предизвикуваат посилна зависност од никотинот

Објавено во: Стил 03 Септември, 2015

Добивај вести на Viber

Многу луѓе се свртуваат кон електронските цигари, мислејќи дека така ќе ја намалат зависноста од никотин и постепено ќе ги откажат цигарите.

Научници од Калифорнискиот универзитет во Сан Франциско го истражувале влијанието на електронските цигари врз човечкиот организам.

Тие утврдиле дека електронските цигари предизвикуваат иста или дури поголема зависност во споредба со традиционалните.

Според нив постепеното намалување на количеството никотин во цигарите не помага за нивно откажување. Само еден од цели 136 пушачи успеал да откаже цигарите со оваа тактика за една година.

Електронските цигари не горат тутун, тие дејствуваат на друг принцип. Во нив има течност која содржи никотин, различни канцерогени и мириси кои се загреваат.

Истражувањето покажало дека нивото на никотин во оваа течност често не одговара на официјалната грамажа прикажана на пакувањето.

Во електронските цигари научниците ја откриле најсилната форма на никотин т.н. чист никотин, кој се апсорбира многу лесно и брзо во организмот и соодветно по многу кратко време тој има потреба од следната доза.

Така да откажувањето од цигарите станува речиси невозможно.

Причина за истражувањето стануваат изнесените податоци кои покажуваат дека во некои земји речиси 40% од корисниците на електронски цигари, се тинејџери, кои пред тоа не пушеле цигари.

Излегува дека меѓу нив се преставило дека електронските цигари не се така штетни и можат во нив да уживаат колку често сакаат.