26 Април, 2024
0.1067

МЕПСО ја обнови трафостаницата за стабилно снабдување на Струга

Објавено во: Економија 13 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

МЕПСО изврши ревитализација на високонапонска опрема во 110/x kV трансформаторска станица „Струга“ и со тоа го зголеми нивото на доверливост и сигурност во снабдување со квалитетна електрична енергија во струшкиот регион за претстојната зимска сезона.

Стручните лица од МЕПСО во период од 18 септември до 12 октомври извршија промени на прекинувачи кои беа во експлоатација триесетина година. Монтирани се два нови прекинувачи со што е зголемена доверливоста на електропреносниот систем и со тоа за претстојната грејна сезона е сведен на минимум ризикот од испади и дефекти. 

Воедно беа заменети со нови и шест мерни напонски трансформатори во постројката, а  извршени се и градежни работи во полињата каде е поставена примарната опрема. Во процесот на ревитализација на опремата во оваа трафостаница МЕПСО вложи околу 100.000 евра.

Ревитализацијата на високонапонска опрема во трафостаницата „Струга“ е дел од тековните активности за модернизација на постројките од преносната мрежа. За овој процес МЕПСО лани во октомври набави високонапонска опрема во вредност од 1,87милиони евра што е дел од заемот од Европската банка за обнова и развој. 

Во југозападниот дел на земјава, во рамки на своите приоритети, стручните тимови на  МЕПСО се ангажирани и на ревитализација во трансформаторска станица „Сопотница“ во близина на Демир Хисар и  во трансформаторската станица „Битола 1“, процес што е планирано да заврши до 10 ноември, годинава.


Можеби ќе ве интересира

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката