Емигрант од Сирија убил балканска проститутка во Германија
Објавено во: Свет 14 Септември, 2018
Во германскиот град Хам е откриен труп на 35-годишна бугарска проститутка, објави „Велт“. Од полицијата соопштиле дека аутопсијата покажала дека над истата е вршено насилство, а уапсен за делото е 25-годишен емигрант од Сирија.
- До овој момент осомничениот не сака да го признае делото - изјавил Феликс Гејзенреген, обвинителот од Дортмунд.
Се уште не е јасен мотивот за убиството. Трупот е пронајден на улица од градско предградие каде што вообичаено се собираат проститутките.