18 Мај, 2024
0.0326

Емил Тедески на студентите од Хардвард им ја откри тајната за својот успех…Имав храброст да вработам луѓе кои се…

Објавено во: Економија, Стил 31 Октомври, 2015

Добивај вести на Viber

Сакам да покренам сопствен бизнис во Бразил, земјата која е во слична позиција како и Хрвтска. Ова предавање за мене е полн погодок, добив неколку инспиративни совети кои ќе ми користат кога се вратам дома, раскажал Давид Парес (29)

Не е лесно да се признае дека постои некој попаметен, но тоа е одлика на вистинскиот бизнисмен. Атлантик Група денес вреди неспоредливо повеќе затоа што имав храброст да вработам луѓе кои се подобри од мене, луѓе кои се попаметни и похрабри. Да не го направев тоа, компанијата која ја водам би останала заглавена некаде во минатиот век-е пораката која Емил Тедески, основачот и мнозински сопственик на Атлантик Групaта ја упати до студентите од Harvard Business School, водечка бизнис школа во светот, во вторникот вечерта на предавањето на тема лично искуство на создавање мултинационална компанија во источна Европа.

Тедески на Хардвард стигнал на повик на факултетот откако тој универзитет во јуни оваа година објави таканаречени case study,односно студија за преземање на Дрога Колинска од страна на Атлантик групацијата пред пет години. Студијата ја иницирал др. Mato Njavro, продекан на Загребската школа за економија и менаџмент, а коавтор е неговиот хрватски колега и професор Yuhai Xuan.

predavanje_947706S0

Иако е искусен предавач, Тедески на Хардвард предавал прв пат, а прв пат и на некои од своите предавања примил и една новинарска екипа. Во повикот на предавањето организаторите го претставиле како човек кој во нестабилно време основал и после во предизвикувачки услови изградил мултинационално бизнис царство, но е и пасиониран DJ и главен спонзор на Кошаркарскиот клуб Цедевита.

Ги поделил шишињата

-Голема чест ми е што, после низа универзитети на кои сум предавал, вечерва сум тука со вас. Што вие како студенти на Хардвард можете да научите од мене? Можам да ви  гарантирам дека ќе слушнете автентична приказна, приказна во која има успони и падови. Не сум срамежлив, може да ме прашате што сакате-им открил на студентите, а нешто подоцна им поделил шишиња Цедевита, прецизно како да фрла „тројка“ во кош. Во побликата било и неговото семејство, сопругата Маја, ќерката Лиза, и синот Емил, двајцата успешни студенти, ќерката на американскиот универзиет Brown, а синот на Загребската школа за економија и менаџмент. Иако неволно јавно говори за своето семејство, Тедески на самиот почеток на предавањето на студентите јасно им ставил до знаење кој е главен во нивното семејство.

-Од основањето на Атлантик Групата поминаа 24 години, а исто толку и од почетокот на мојот брак со дамата која седи во третиот ред. Обично луѓето прашуваат кој тука е извршен директор? Внатре во семејството е само единствен и тоа е таканаречен „chief emotional officer“, но тоа не сум јас-искрено признал Тедески и измамил голем аплауз од 80-тината присутни студенти од Хрватска и регионот, Бразил, Намбија и Киргистан и домородните американски студенти, не само од HBC, туку на пример и од Harvard School of Government.

На студентите им раскажал како ја основал компанијата во 1991 година. -Тоа беа тешки години, период на девалвација и хиперинфлација, време кога како претприемач ви бил потребен посебен состанок само за да најавите дека сте дошле во банката на состанок.

grupa_947712S0

Храбар почеток

- Почнавме навистина храбро, со дистрибуција на гуми за џвакање Wrigley, a тоа беше бизарен артикл во земја која беше во војна. Кој би сакал гуми за џвакање во тој период. На луѓето им требаше гориво, оружје, муниција, вода, леб ... Но тоа истовремено беше наша предност бидејќи почнавме да се занимаваме со нешто што беше стратешки важно за државата и конкуренцијата. И успеавме! Хрватска стана трета земја во светот по конзумација на гуми за џвакање-рекол Тедески и ја продолжил приказната за големиот успех на Цедевита после аквизицијата во 2001. На студентите им скрена внимание на тоа како на  новото шише на Цедевита се наоѓа единствен патент на кој работеле седум години, а кој овозможува топење на гранули во водата. Раскажал како направиле повеќе од 30 аквизации од 2001 година и посебно истакнал како тоа е многу предизвикателна работа која се состои од три чекори-снимање на состојбата во која се наоѓа компанијата, преговори за преземање после преземање на интеграциите на компаниите кои се споиле. Но, поради тоа што најмалку внимание се посветува на процесите после спојувањето, истакнал Тедески, седум од десет преземања пропаѓаат. Открил и свои искуства од Хрватска на прмиер Фармација, но и позадината на приказната околу преземањето на германската фирма Multipower од американската компанија Weider Nutrition.

Возможно и невозможно

-Кога го преземавме Multipower, свикав состанок со сите вработени бидејќи јас разговарам со сите кои работат во фирмата. Реакцијата на која наидов беше: не можете да ги повикате работниците од производство и вработени во канцеларија на ист состанок! Се прашав зошто? Ми рекоа затоа што во нашата компанија имаме одделни состаноци. Тоа беше во 2007 година. Не се откажав од таа идеја, одржавме состанок и прв пат во 30 години на ист состанок седеа сите. На тој состанок во инспирација изреков и една кај нас позната реченица-Das ist Walter! Повеќето од нашите луѓе препознаа дека се работи за реченица од познат филм од Втората светска војна и го победува духот. Првиот ред менаџери од Хрватска се кинеа од смеа, а Германицте бледо гледаа мислејќи 'каков Walter, што зборува тој'. Тоа ви го кажувам за да истакнам како не е лесно да се најде заеднички именител и да се поврзат сите лица во собата околу иста идеја-рекол Тедески кој за своето предавање не користел  power point презентации и бескрајни слајдови туку говорел од глава, а една сериозна репродукција на голем екран биле две песни од Јутјуб.

Мотиви после успех

Една од нив била песната  “One” на групата U2 на која ја угостиле Mary J. Blige и таа на Тедески му послужила како инспирација за приказната дека претприемачот никогаш не смее да застане и дека секогаш мора да настојува да ги унапредува работите и да генерира нови идеи. Клучно прашање, смета Тедески, е како да се мотивираме за нов успех после веќе постигнатиот успех. Разговарал, вели, за тоа со луѓето кои се оскаровци, нобеловци, со врвни спортисти, музичари ...

studenti_947709S0

 -Уверен сум дека нашиот претходен успех воедно е наша најголема препрека. Најлесен пат е да одиме по згазени патеки, како и претодно но тоа не е рецепт за иднина. За да се создаде нешто, потребно е да се излезе од така наречената зона на комфорт. Често ги прашувам своите менаџери, најпаметните лица во компанијата, колку време поминуваат пред празен лист или хартија? Пет, десет, или нула -бидејќи се потрупани со мејлови. Тоа нема да ни донесе напредок, нешто ново. Ние претприемачите мора да бидеме како уметници пред празен лист хартија или како музичар пред нова песна -рекол Тедески и тоа сликовите го објаснил на случајот на мегапопуларниот ирски бенд: - U2, после големиот успех, дошол во уметничка криза на идентитетот, но биле доволно храбри со тоа да се соочат. Во клучен момент ја повикале  Mary J. Blige  заедно да направат обработка на нивната најуспешна песна. Важно е да се почитувате себе си, да ги почитувате другите и да прифатите дека некој е кој е поинаков може да помогне да се надоградите. Ноавата верзија на песната има три пати повеќе прегледи од оригиналот. Mary вокално му е супериорна на Bon, а иако десет пати е помала звезда од него, без неа не би имало нова вредност, па на крајот на краиштата ни вака моќен U2.

Конкуренција од НАСА

Инспиративно и неконвенционално предавање на студентите, судејќи според нивните реакции, донело одговори на многу прашања. Еден од нив, 29 годишниот Давид Парес, е задоволен што го избрал токму предавањето на Тедески, а не на пример, предавање на директорот на НАСА кој во исто време бил на  Harvard Business School.

-Сакам да покренам сопствен бизнис во Бразил, земјата која е во слична позиција како и Хрватска. Затоа дојдов на предавањето на Емил Тедески и можам да кажам дека за мене тоа беше полн погодок. Добив неколку инспиративни совети кои ќе ми користат кога се вратам дома после студиите овде во Америка, раскажал Давид Парес (29). Неговата колешка Медина Баитемирова од Киргистан вели дека ќе се обиде да го примени она што го слушнала за покренување сопствен медицински бизнис, но во САД.

-Од Емил ја научив една од најважните работи, а тоа е како да преживееш како претприемач. Бидејќи, ако ја преживееш војната, тогаш можеш да преживееш се. Добро е да се слушнат и поинакви искуства, а не само оние од земјите во кои предприемништвото може непречено да расте-рекла оваа 24 годишна студентка на која предавањето на Тедески посебно и се допаднало бидејќи не било конвенционално и барало повеќе ангажираност и предавачи, но и публика. Студент од Србија Рајко Радовановиќ се доверил дека размислува за враќање дома после завршување на школувањето во Хардвард, а дека сега сериозно ќе размисли и за можностите за вработување во Атлантик Групата во својата земја.

-Кога би имал шанса да работам со сериозен ментор, со врвен школуван менаџер кој со знаење би можел да им парира на експертите во глобалните компании, би сакал да се приклучам во неговата компанија и да го применам знаењето кое го стекнав во странство-заклучил Радовановиќ.

Емил Тедески често предава на топ светските универзитети, досега предавал пред студенти на Duke University NYU, University of Michigan, Stanford University, MGIMO Moscow, University of Vienna, INSEAD, London School of Business, a сега и на Harvard Business School.

 (Извор: Јутарњи лист)

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа